Советници од СДСМ јаделе бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони со пари на скопјани

Бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони… се нарачувале на сметка на Град Скопје за време на локалните избори од советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје како дел од прославата за „добрата“ зделка со противпожарната скала од 1,7 милиони евра, пренесува МКД.

Советничката на Град Скопје Љубица Јачева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, без проблем на сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.