Connect with us

Македонија

Потресно сведоштво во „Јади Бурек“: Жена ми почина на Инфективна со негативен тест, и го украдоа телефонот и накитот

Тpaорно сведоштво ја прекина емисијата „Јанко јади бурек“. „Никој не те гледа, не дај боже да одиш во болница, оставени се луѓето само на себе„ во солзи раскажуваше гледач на емисијата за смртта на неговата сопруга.

По сведоштвото на гледачот, Јанко Илковски не можеше и самиот да ги задржи солзите и ја прекина емисијата.

Гледачот раскажуваше во каква катастрофална состојба е македонското здравство и за голготатата која ја преживеал обидувајќи се да го спаси животот на неговата сопруга.

Се започнало откако неговата сопруга имала проблеми со срцето и бубрезите за да биде примена во болница, но да лежи со пациент позитивен на Ковид 19 по што била пуштена дома.

Во домашни услови и се влошила здравствената состојба за да потоа да биде сместена во Ковид болницата на инфективното одделение.

По кратко боледување таму, неговата сопруга починала, а гледачот открива дека била украден златниот накит од неговата сопруга и нејзиниот телефон.

За емисијата се огласи и водителот Јанко Илковски на Фејсбук кој истакна дека тој неговиот тим се длабоко потресени од сведоштвото на господинот, а чувството го спореди со бокс во плексусот.

-Целата екипа, заедно со мене, бевме силно и длабоко потресени од траорното и искрено сведоштво на човекот кој неутешно липаше и плачење додека говореше за загубата на сопствената сопруга. Кога ќе соберам сили, неговото јавување ќе го издвојам и објавам да биде сведоштво што преживувал народов.

Не можам да споделам како се чувствував , најмногу поради фактот што не очекував, беше релативно забавна емисија и не се надевав дека ваков крај може да се случи, како бокс во плексус … уште сум потресен, пишува тој.

Македонија

Строги казни за најопасните возачи – Возило ќе се одзема за брзини над 70 км/ч во населено место

Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа предлог-измени и дополнувања на Кривичниот законик со цел построго санкционирање на најтешките сообраќајни прекршоци, вклучувајќи задолжително одземање на возилото на најопасните возачи.

Според предложените законски решенија, возилото ќе се одзема доколку возачот управувал со брзина поголема за најмалку 70 километри на час во населено место или 90 километри на час надвор од населено место, и тоа само за лица кои претходно биле осудувани за кривични дела против безбедноста во сообраќајот. Одземањето ќе се применува и кога возачот управува сопствено возило без право на управување.

Во случај на користење туѓо возило, одземањето ќе биде возможно само доколку се утврди дека сопственикот знаел или требало да знае дека лицето нема право да управува.

Новина во предложените измени е и проширување на санкциите за забрана за управување со моторно возило. Судот ќе може да изрече забрана од шест месеци до 10 години, како и престанок на важењето на возачката дозвола за одредена категорија од една до 10 години. Досегашното ограничување беше најмногу пет години.

Со измените се предвидува и затворска казна од три месеци до три години или парична казна за лица кои со безобѕирно управување го загрозуваат јавниот сообраќај. Под ова спаѓаат возење со алкохол над 1,5 промили, управување под дејство на дрога, возење во спротивна насока, опасно претекнување и екстремно пречекорување на брзината. Исти казни ќе важат и за организаторите и учесниците во нелегални улични трки, како и за лица без положен возачки испит или без важечка дозвола.

Во образложението на предлог-законот се наведува дека измените се одговор на зголемениот број тешки сообраќајни несреќи и жртви, а како примери се наведуваат решенија од Словенија и Австрија.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека измените се дел од проектот „Сејф сити“, чија цел е зголемување на контрола во сообраќајот, санкционирање на најопасните возачи и подобрување на безбедноста на патиштата.

Continue Reading

Македонија

Со „СМАРТ/МК 2030“, Мицкоски најавува дигитална и транспарентна Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска официјално ја промовираше Националната стратегија за развој на информатичко-комуникациските технологии – СМАРТ/МК 2030, нагласувајќи дека документот претставува суштински одговор на реалните општествени предизвици. Според него, стратегијата е јасна и амбициозна патоказна рамка што треба да ја насочи државата кон темелна дигитална трансформација и изградба на современо, технолошки напредно општество.

„Ова не е само уште еден документ. Денес ја демонстрираме нашата политичка волја и решителност да изградиме држава што е ефикасна, транспарентна и во служба на граѓаните“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека дигитализацијата е темел на современото владеење.

Премиерот потенцираше дека дигиталната трансформација не се сведува само на воведување нови технологии, туку подразбира длабока промена во начинот на кој функционираат институциите и како тие комуницираат со граѓаните и бизнис-заедницата.

„Тоа значи побрзи и поедноставни услуги, значително помалку бирократија, поголема отчетност и активно учество на граѓаните во креирањето јавни политики“, порача тој.

Според Мицкоски, Владата ја поставила дигитализацијата меѓу своите врвни приоритети, бидејќи таа е клучна алатка за зајакнување на владеењето на правото и за ефикасна борба против корупцијата.

„Дигиталните процеси оставаат јасна трага. Кога системите се поврзани, нема простор за злоупотреби, селективност или привилегии – одговорноста станува недвосмислена“, истакна премиерот.

Тој додаде дека стратегијата СМАРТ/МК 2030 е целосно усогласена со Националната развојна стратегија 2024–2044 и со европските дигитални политики и стандарди, опфаќајќи клучни области како електронски комуникации, дигитализација на јавните регистри, користење облак-услуги и електронска идентификација.

„Нема силна економија без развиени дигитални вештини, нема модерно општество без дигитално писмени граѓани и нема конкурентна држава без иновативен и моќен ИКТ-сектор“, нагласи Мицкоски.

На крајот од своето обраќање, Мицкоски истакна дека стратегијата не припаѓа на една влада или институција, туку претставува заедничка обврска на државните органи, приватниот сектор, академската заедница и граѓанското општество.

„Ова е наш заеднички пат кон паметна, дигитална и правична Македонија до 2030 година“, заклучи премиерот.

Continue Reading

Македонија

Безбедноста на новогодишните пакетчиња проверена – резултатите во АХВ охрабрувачки

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни инспекции на детските новогодишни пакетчиња и откри само минимални неправилности. Вкупно беа извршени 262 контроли во магацини за пакување, маркети и продавници кои нудат овој вид производи.

Проблеми беа утврдени кај неколку оператори поради несовпаѓање на роковите на збирните декларации со роковите на поединечните производи, како и некомплетни декларации. Во такви случаи, инспекциските служби издале четири решенија за повлекување на пакетчињата од промет, додека двајца оператори добиле решенија за поставување на исправни збирни декларации на производите.

Според АХВ, ситуацијата годинава е значително подобрена во споредба со лани, кога инспекциите открија несоодветно означување на пакетчињата, производи со поминат рок на употреба и краток рок на трајност, како и производи со променети органолептички својства. Оваа година, пак, недоследностите се сведени на минимални и не претставуваат ризик за здравјето на децата.

Агенцијата најавува дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се обезбеди безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг