Connect with us

Македонија

Единствена Македонија до Пендаровски: Како не ти е срам, се плашиш да изговориш Македонци, а вчера се сретна со Македонци

Published

on

Стево Пендаровски е голем срам за Македонија и Македонците. Вчера на отворена сцена видовме како Пендаровски се откажа од Македонците во Пиринска Македонија нарекувајќи ги граѓани. Пендаровски вчера не смееше да изговори дека се сретанал со Македонците од Пиринска Македонија.

Ваквото неприродно, неприфатливо и недозволиво однесување на Пендаровски не дава гаранција во корист на македонскиот народ пред налетот на Бугарија за целосно негирање на Македонија и Македонците.

Политиката на плашливо и поданичко однесување на Пендаровски кон Бугарија кој о дбегна да каже дека се сретнал со Македонците од Пиринска Македонија, го негира

македонскиот народ.

Среќа во несреќа е што Пендаровски не ја отсликува вољата на македонскиот народ бидејќи на изборите беше избран со само 23 отсто од вкупно запишаните избирачи а и тој мал број на гласови, добар дел беа подарок од македонските албанци.

Македонскикот народ наивно очекувал од Пендаровски во својство на претседател да биде во одбрана и заштита на Македонците во Пиринска Македонија. А, кој, тогаш, ќе работи на бришењето на се што е македонско?

Центар за комуникации на Единствена Македонија

Македонија

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, па како може да падне мнозинство со ⅔ од пратениците!

Published

on

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, во Пика Подкаст, барањето на албанската опозиција за нови избори го нарече неразумно, бидејќи според него, како никогаш досега, актуелната влада има мнозинство од ⅔ од гласовите.

„Албанската опозиција, која долго време била на власт, никако не може да се помири со фактот дека не е дел од оваа влада. Постојат правила во демократијата каде на новата влада и се даваат првите 100 дена можност да се позиционира, да се етаблира, а потоа започнува онаа поинтензивна кампања, нешто што овие не го почитуваа. Од 90-тите години па до денес немало влада со 78 пратеници, каде секој ден бројката ќе достигне и над 80. Знаете дека во изминатите 4 години владата стоеше на стаклени нозе, со 61 пратеник, и не падна, па сега како може да падне мнозинство со ⅔ од бројот на пратениците“, изјави Меџити.

Continue Reading

Македонија

Финансиска полиција поднесе три кри кривични пријави против тројца вработени во Министерство за земјоделство

Published

on

Управата за финансиска полиција, поднесе кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, против три службени лица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Првопријавениот во својство на службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Решение несовесно постапувал при вршење на своите овластувања, на начин што во текот на 2021 и 2022 година не изготвил записник за одземање на владението на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје иако на 07.10.2021 година уредно му била доставена Изјава за раскинување на договорот за закуп на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје бр. 39-7689/1 од 28.09.2021 година, спротивно на член 37 од Законот за земјоделско земјиште, дополнително првопријавениот несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и должности и како службено лице во Подрачна единица при МЗШВ во период од 16.09.2020 година до 15.04.2022 година на начин што не ја доставил Изјавата за еднострано раскинување до надлежните служби на МЗШВ – Гази Баба за истата да биде евидентирана во ФАРМ системот и правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје да биде избришан од Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што првопријавениот му овозможил на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари.

Второпријавената во својство на службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во период од 15.04.2022 до 24.08.2022 година, како и во период од 16.09.2020 година до 15.04.2022 година, во својство на службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги повредила законските прописи за совесно постапување при вршење на своите овластувања на начин што во текот на 2021 и 2022 година Изјавата за раскинување на договорот за закуп на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје не ја доставила до надлежните служби на МЗШВ-Гази Баба за истата да биде евидентирана во ФАРМ системот и правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје да биде избришан од Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што второпријавената му овозможила на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари.

Третопријавениот во својство на функционер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во период од јануари 2022 до ноември 2023 година ги повредил законските прописи за совесно постапување при вршењето на своите овластувања со пропуштање на должен надзор над комисијата за одземање на владение врз основа на престанок на склучени договори за закуп, формирана од страна на Министерот, во однос на одземањето на владение на државното земјоделско земјиште на правното лице ДЗС Илинден спротивно на чл.49 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. Оваа одговорност вклучува имплементација и одржување на внатрешни контроли кои се релевантни за процесот на одземање на владение на државно земјоделско земјиште врз основа на донесена Изјава за еднострано раскинување на договорот поради неподмирени обврски за закуп, во согласност со одредбите од релевантната законска и подзаконска регулатива, стратешките документи и воспоставени политики. 

Третопријавениот иако бил задолжен да организира и обезбедува законито и ефикасно вршење на работите и задачите, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувал во вршење на своите овластувања, односно не преземал дејствија за утврдување на фактичката состојба во однос на одземање на владението на ДЗС Илинден АД Скопје, со што третопријавениот му овозможил на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари.

Continue Reading

Македонија

Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција

Published

on

Реален и рационален е оптимизмот дека Македонија ќе ги стартува преговорите со Унијата. И претседателката Сиљановска вели дека го дели ставот на Мицкоски дека се поголем е бројот на држави кои ја разбираат позицијата на Македонија и бараат решение кое нема да биде на штета на нашата држава.

Прашањето добива регионален карактер бидејќи застојот на македонската интеграција според претседателката негативно влијае и врз државите од регионот и врз самата унија.

Вчерашната средба на Мицкоски со францускиот претседател Макрон во Будимпешта е значаен исчекор, смета и вицепремиерот Николовски.

 Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори. Тој е политичар којшто има највисока поддршка и најстабилен мандат во рамки на ЕУ од сите големи земји членки и на конференција којашто трае само еден ден, да одвои толку време за да се сретне со премиерот на Македонија, мислам дека многу говори и за личниот авторитет што го има премиерoт Мицкоски и за угледот што го ужива Македонија“, вели Николоски.

По средбата со Макрон, Мицкоски вчера рече дека е уште поголем оптимист за одблокирање на европскиот пат на Македонија, без да се наштети на државните интереси. Средбата ја потврдија и од Елисејската палата во чие соопштение стои дека претседателот Макрон ја потврдил поддршката за европската интеграција на Македонија која мора да ги почитува меѓународните обврски.

Иако на самитот во Будимпешта присутвуваше и бугарскиот претседател, сепак Мицкоски не оствари средба со Радев.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк