Connect with us

Македонија

Се огласи Александар Вучиќ: Почина мојата прва сопруга Ксенија Вучиќ

Published

on

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со објава на својот Инстаграм профил ја информираше јавноста дека починала неговата прва сопруга Ксенија Вучиќ.

„Вечерва во Белград на 56-годишна возраст ненадејно почина Ксенија Вучиќ, мајката на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите дополнително“, напиша Вучиќ.

Македонија

Референт во Струмица секој месец примал пари од жител кој сечел дрва

Published

on

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва. Исто така, лицето за да добие дозвола за сеча на дрва плаќало и други услуги во корист на осомничениот. Откако ќе добиел надомест, пријавениот се јавувал на лице кое требало да ја издаде дозволата за сеча на дрва на планината Огражден, за да му биде изготвена и дадена на лицето.

На 06.11.2024 во Струмица, во моментот кога примал паричен надомест од истото лице, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К.. Исто така, со судска наредба, биле извршени претреси во неговиот и во домовите на уште две други лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.

Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

Continue Reading

Македонија

Три лица повредени во сообраќајка на патот Струмица – Берово

Published

on

Во Полициската станица Струмица вчера во 12.00 часот било пријавено дека на регионален пат Струмица – Берово, кај место викано „Палазлија“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(22) од Берово и патничко возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(40) од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „рено“, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „дачија“, С.М.(49) од Скопје, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Противпожарната зграда во Битола во финална фаза

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, објави дека изградбата на новата противпожарна зграда во градот влегува во својата финална фаза, што е клучен чекор за подобрување на безбедноста и услугите во општината. Со овој проект, Битола ќе добие современа инфраструктура која ќе обезбеди поефикасно и побрзо дејствување на противпожарната единица, подобрувајќи ја безбедноста на граѓаните и заштитата на нивниот имот.

Градоначалникот Коњановски истакна дека зголемувањето на капацитетите на противпожарната служба е од приоритетно значење за општината, и новата зграда е дел од заложбите за континуирано вложување во подобрување на условите за работа на сите јавни служби. Со финализирањето на овој објект, се очекува значително подобрување на функционалноста и подготвеноста на противпожарната единица, со што ќе се зголеми и безбедноста во сите населени места во Битола.

Проектот е дел од пошироките напори на локалната самоуправа за подигнување на нивото на јавната инфраструктура и услугите, а се очекува новата зграда да биде официјално пуштена во употреба наскоро.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк