Connect with us

Македонија

Македонците да се сведат на малцинство? – Еве што бара ДУИ

Published

on

Изјавата на вицепремиерот Артан Груби, околу тоа дека ДУИ е подготвена да разговара за промена на изборниот модел и да се согласи на промена на Уставот само доколку се укине ограничувањето на 20 проценти за употребата на албанскиот јазик, предизвика остра реакција кај опозицискиките партии од т.н. макденски политички блок, пренесува Плусинфо.

Пред неколку дена Груби одговарајќи на предлогот од ВМРО-ДПМНЕ, за реформи во законот на избори со кои се предвидува една изборна единица и намалување на бројот на пратеници, тој даде контроверзна изјава која ги разбранува духовите.

– Ме радува фактот што опозицијата или најголемата опозициска партија е подготвена за отворање на Уставот. Во тој случај имаме ние и други теми кои треба да се вклучат во овие уставни измени, како што е спорот со Бугарија или вклучувањето на бугарската, хрватската, црногорската заедница и укинување на ограничувањето од 20 проценти за употреба на албанскиот јазик. Отворени сме за таа идеја и да ја збогатиме со други дополнителни идеи за да ги заокружиме сите отворени прашања – рече Груби.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ваквиот начин на комуницирање на функционерите на ДУИ е поврзан со пазарџискиот менталитет воспоставен во владината коалиција.

Ова нивно барање е пред се поврзано со пазарџискиот менталитет застапен на коалицијата на власт, и помислата дека по истите принципи би се пазарале за некои нивни барања и со ВМРО-ДПМНЕ. На маса е предлог за намалување на бројот на пратеници, а со тоа и намалување на трошоците за граѓаните, како и една изборна единица што и беше барање на помалите партии од власта. Ако од ДУИ се против повеќе функционална демократија тогаш тоа треба јавно да го кажат. Инаку сосема е јасно е кога ДУИ не се екологисти сакајќи да се додворат и прикажат за некаква квази напредна опција, тие се редовни тендерџии кои се занимаат со криминал, кој го споделуваат со партнерите од СДСМ. И затоа секогаш кога се фатени во тесно, тие се покриваат со некаков патриотизам, права на Албанците и слични теми, кои во реалноста ни одблиску не ги засегаат до степен приближен како што се заинтересирани за криминалот“, за Плусинфо велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија порачуваат дека немаат проблем со правата на Албанците, но им пречи дволичноста од ДУИ, од каде го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за премиер Албанец.

„Кога на маса имаше предлог за премиер Албанец, ДУИ го одби, немаат право на национализам и поделби за тендери, народот се обединува против тендер коалицијата ДУИ-СДСМ и ќе ги порази на избори“, додадоа од најголемата опозициска партија.

Против предлогот на Груби се и од Левица. Од оваа партија ни порачаа дека правата на Албанците не би смееле да бидат предмет на пазарење и уцени, туку здобивањето на малцинските права треба да се одвива во природен демократски процес.

– Во секоја земја има една нација и еден јазик кој ги обединува малцинските групи. Тенденцијата е македонската нација да се сведе на етничка група, а државата влегува во процес на „дејтонизација“ по примерот Босна и Херцеговина. Никој не ги спори правата на Албанците и тие права не би требало да се предмет на уцени и на пазарења. Албанците и Србите имаат свои матични држави, а во Македонија треба да говориме за малцински права на припадниците на овие народи. Би сакала да го прашам Артан Груби, зошто по 20 години силеџиска политичка борба на ДУИ, голем број на Албанци и натаму масовно се иселуваат во земји како Германија и како Швајцарија, каде не се говори на албански јазик во државните институции – прашува Јована Мојсовска, член на Президиумот на Левица.

Извор: Плусинфо

Македонија

Кочоска Димитриеска: Продолжуваме со зајакнување на соработката со Холандија

Published

on

Министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска, оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија, Н.Е. Озлем Џанел.

На средбата беше нагласена важноста на билатералната соработка меѓу двете држави, со фокус на зајакнување на институционалните врски и работа на заеднички проекти и програми.

„Изразив голема благодарност за досегашната поддршка што ја добиваме на нашиот европски пат. Продолжуваме со зајакнување на партнерството во повеќе клучни области,“ истакна Кочоска Димитриеска.

Continue Reading

Македонија

Во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот на Васил Јованов, вели Абази

Published

on

Во специјализираното Одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворската полиција вклучени се јавните обвинители, и во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот телефон на Васил Јованов, кој се наоѓа во притвроското одделение во затворот во Шутка, посочи денеска на прес-конференција јавниот обвинител Ислам Абази, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека Обвинителството го следи настанот и се преземаат дејствија. Случајот е во надлежност на Јавното обвинителство за организиран криминал.

На новинарско прашање упатено до јавниот обвинител Љупчо Коцевски, зошто била запрена кривичната постапката за Васил Јованов, тој одговори дека постои законска одредба во Законот за кривична постапка за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање.

-Сакам јавноста да биде правилно информирана. Значи, не е запрена кривичната постапка, не е отфрлена кривичната пријава. Има законска одредба во Законот за кривична постапка, за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде што е запретена казна од една година затвор или парична казна, во согласност со оштетениот, јавниот обвинител го повикува оштетениот, и доколку оштетениот не бара штета, тогаш јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање, со тоа што му дава решение на сторителот во одреден рок да плати одредена парична сума, која ќе ја определи јавниот обвинител согласно неговите можности. Доколку во тој рок се плати износот што е определен со решението, тогаш против тој сторител не се презема кривично гонење. Вака ги решаваме 90 отсто од случаите, рече Коцевски.

Како што дополни, станува збор за законска одредба која што многу често ја применуваат, а парите често се уплатуваат во буџетот или во хуманитарни цели.

Прашан дали Обвинителство ќе оформи предмет за судијката Даниела Алаксовска-Стојановска, јавниот обвинител Љупчо Коцевски одговори дека во моментов нема сознанија дека е отворен предмет, затоа што нема индиции за сторено кривично дело.

-Во моментот немам сознанија дека е отворен предмет против судијката, затоа што во овој момент немаме никакви евентуални докази за некакви индиции, односно сомнение во однос на оваа судијка. Нема елементи и индиции за сторено кривично дело. Доколку има, Јавното обвинителство стои на располагање, рече Коценвски.

Инаку, денеска министерот за правда Игор Филков донесе одлука да ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судиката која му судела на возачот што ја прегази Фросина Кулакова. Целта е, како што посочи, да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството, со кои нема да се дозволи неказнивост и недопирливост.

Continue Reading

Македонија

„Реното“ му го покажува патот на „цитроенот“ во Визбегово, возат до местото каде Вања е убиена, па го палат едното возило

Published

on

За 15 минути, киднаперите на убиената Вања Ѓорческа успеале да ја однесат од пред зградата во Дебар Маало, до Визбегово, покажуваат снимките на Обивнителството прибавени во истрагата. „Цитроенот“ вози сам од киднапирањето до Визбегово, каде му се придружува возилото „Рену канго“ кое го управувале лица од партијата „Десна“, а според обвинението, во моментите пред убиството, го возел Љупчо Палевски-Палчо.

Од камера на „Метал бург“, плац во Визбегово, во 7:56 се гледа како поминува возилото „Рено кангу“ и се движи во правец спрема Горно Оризари. На истото видео, по осум секунди поминува и возилото „циторен“ во кое била Вања, следејќи го првото возило.

По еден саат и 12 минути, односно во 9:08 минути двете возила се гледаат на камера од пречистетелната станица како поминуваат едно по друго одалечени 11 секунди. Одат кон локацијата каде „циторенто“ беше најден запален. Во 9:21 минута на камерата се гледа само „Реното кангу“ како се враќа назад.

„’Цитроенот’ не го следи кангугото, истото не се враќа назад односно очигледно е дека истото било запалено“, рече обвинителката.

Извор: Скопје1

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк