Дете со посебни потреби не сакаат да го примат во Детската болница

Уште еднаш јавно ви укажуваме детенцето е со посебни потреби и ви умира по ходниците и тоа во многу тешка критична здравствена положба!

На детска болница во Скопје со часови дете со посебни потреби со тешки ковид симптоми и висока температура оставено во милоста на ходниците на детска болница. Родителите бараат помош, детето не сакаат да го примат во болница!

Vecer.mk

За наводната афера: По долги години Наташа Беквалац конечно проговори за Новак Ѓоковиќ

По долги години Наташа Беквалац конечно проговори за Новак Ѓоковиќ

Како што истакнува, меѓу нив немало ништо и се што било напишано било местенка. Поточно, во 2009-2010 година се пишуваше дека Новак наводно ја раскинал тригодишната врска со Јелена, за да биде со Наташа.

-Темата дека Ѓоковиќ флертуваше со мене своевремено ја заинтригира јавноста, но беше исклучително штетна и за него и за мене. Нема што да се зборува, бидејќи се е наместено. Апсолутно нема простор за каква било приказна за тоа. И сега оваа приказна да започне би ги повредила сите. Тоа навистина нема никаква врска со вистината. Сите ме познавате и знаете дека секогаш зборувам онака како што е, без разлика што е, но тука нема место за приказна, кажав се – рече Наташа.

Потоа таа го пофали Новак.

– Новак е гордоста на Србија. Тој е всушност гордоста на секој од нас. Мислам дека Ѓоковиќ е единствениот човек кој не претставува во светот на начин на кој сите треба навистина да се гордееме што сме од Србија – заклучи Беквалчева.

Потсетуваме, оваа „афера“ се случи во 2010 година, кога пејачката и тенисерот беа фотографирани во познатиот хотел „Сплендид“ во Будва.

“ЌЕ ДОБИЈАМ МОЗОЧЕН УДАР“ Марија Шерифовиќ КИНЕ каков спектакл направи пред Собрание (ВИДЕО)

Марија Шерифовиќ, синојќа направила вистински спектакл на настап пррд Скуштина, каде што ја слушале неколку илјади луѓе. Започнала со своите најголеми хитови, а масата во еден глас пееле со неа.

– Добровечер Белград. Драго ми е што после 20 месеци имам можност да пеајам, и што гледам драги лица.
Оваа година беше тешка, следната ќе биде подобра. Прво, балади, а потоа нешто брзо, јас пеам за женски срца, а ќе има за момчињата, рекла Марија. Само после неколку испеани песни, кога атмосверата дошла до вжешување, публиката почнала да вика: “Марија, ние те сакаме“.

Потоа во еден момент го прекинала пеење и на микрофон река:

– Може ли некој од организацијата да дојде и да ги угасне овие печурки кои ме греат? Ќе добијам мозочен удар доколку не ги угаснете.

Проблемот бил брзо решен, а популарната пејачка продолжила со спектаклот и публиката ја замолила: “Ајде сега мрднете со вашите убави за*ници! Одиме!.

Запросување во Русија: Елена Стефановска кажа „да“ (фото)

За водителката Елена Стефановска, новата година започна на најубав начин. Имено, таа кажа „да“ на нејзиното момче Бојан Најдоски.

Елена и Бојан изминатите неколку дена се во Русија, па запросувањето се случи токму во Москва.

Стефановска на својот „Инстаграм“ објави фотографија од свршеничкиот престен, а во описот напиша: „Кажав да“.

Под објава се нижеа честитки од нејзините следбеници, пријатели, колеги.

За потсетување, Елена Стефановска својата врска со Бојан ја обелодени во октомври 2019 година.

Честитки!

34 планинари првото изгрејсонце во 2022 го дочекаа на врв на Пелистер (Видео)

Дури 34 планинари за Нова година се искачија на Антена на Пелистер и првото изгрејсонце во новата 2022 година го дочекаа на врвот.

Искачувањето започна по полноќ, ова беше прекрасна мирна ноќ иако целиот пат беше со снег. Упеавме до врвот да стигнеме за 4 часа и 40 минути, а горе нè дочека прекрасно изгрејсонце. Нема поубав начин да се почне Новата година отколку на Пелистер“, рече Влатко Крбалески, кој пред 11 години ја започна оваа традиција.

Покрај него, дел од групата „Олимпус Монс“ се Иванчо Тошевски, Александар Димовски, Јасмин Биберовиќ и Ана Крбалеска, кои веќе неколку години со ред се искачуваат за Нова година на Пелистер. Полноќното искачување „Први на први“  годинава беше во рамките на празничната програма „Зимска приказна“ во организација на Општина Битола.

Видео:

https://www.instagram.com/reel/CYMBC51hjil/?utm_medium=copy_link

Првото бебе во 2022 година е машко- се роди во 00:01 часот

Првото бебе во 2022 година на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди во 00.01 часот.

-Бебето е од машки пол, тешко е 3 килограми и 70 грама и е долго 50 сантиметри. Мајка на бебето е Сузана Стошиќ, родена 1981 година во Скопје и тоа е нејзино петто дете, информираат од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Од денеска поскапува струјата, но и парното

Сметките за парно во јануари во Скопје ќе бидат повисоки за 14 отсто поради зголемената цена на природен гас на пазарот. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовки кажа дека 13,8 милиони евра се потребни за набавка на природен гас за топланите, но тој трошок не можат да го платат само граѓаните и затоа побара разликата да ја покријат Владата, Град Скопје и скопските општини. 

„Цената за парното ќе се зголеми за 14 проценти. Со оваа цена се враќаме на ниво на топлинска енергија која ја имавме во 2018,  имајќи предвид дека за 15-16 проценти ја намаливме цената на парното изминативе три години. Ние признаваме трошок од 4 милиони, но постои разлика од 9 милиони која треба да се прокрие. Потрошувачите не можат да го покријат тој трошок за природоен гас и затоа треба да се вклучат сите чинители. Владата презема чекари овој трошок како да се покрие, но апелирам до Градот Скопје и Општините да помогнат за покривање на дел од трошоците за топлинска енергија.“ – изјави Марко Бислимоски – Претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Бислимоски додаде дека засега не се размислува за префрлање на БЕГ да работи на мазут, иако неговите котли тоа го овозможуваат. Сепак, доколку се дојде до ситуација да нема природен гас, или неговата цена да биде екстремно висока, Бислимоски вели тогаш – таквата опција стои како отворена. 

„Доколку БЕГ почне да работи на мазут, тогаш до крајот на грејната сезона ќе треба да работи на мазут. Јас тоа не го препорачувам, но ако нема природен гас и цената е многу висока може и тоа да се разгледува како крајна опција. Топланите се во подрчја каде живеат луѓе и тоа ќе се одрази врз загадувањето и здравјето на граѓаните.“ – изјави Марко Бислимоски – Претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторната комисија за енергетика објави дека струјата ќе поскапи за 9.48% од јануари, и дека ќе се укине дневната евтина тарифа од 14-16 часот, а соопшти дека поскапува и парното греење за 14,05% за сите корисници во Градот Скопје.

Секој први јануари го следат милиони гледачи: Десет занимливости за Новогодишниот концерт во Виена

Секое претпладне први јануари е резервиран за традиционалниот Новогодишен концерт на виенската филхамронија. Се изведуваат дела на Јохан Штраус, членови на неговото семејство и негови современици. Ова е еден од настаните без кои не може да се замисли Новата година.

Десет интересни факти за Новогодишниот концерт во Виена

1.Концертот го пренесуваат повеќе од 90 земји во светот, а во музиката уживаат милиони гледачи, а не само среќниците кои ќе „уловат“ билет за Златната сала.

2. Виенската филхармонија секоја година изведува три концерти на оваа локација. Првиот се одржува на 30 декември, вториот на Стара нова година, а третиот е овој најпознатиот, кој се пренесува на телевизија, на први јануари.

3. Ако сакате да присустувате на еден од овие концерти, мора да учестувавате во лотаријата за да дојдете до билет. Уште во февруари се отвораат пријавите за концертите. Пријавите се собираат до 28 февруари, а извлекувањето на среќните добитници е во март. За новогодишниот концерт може да добиете по два билети за човек, а цената се движи од 25 до 1039 евра.

4. Концертот првпат бил изведен на 31 декември 1939 година.

5. Од 1941 година концертот се изведува првиот ден во новата година. Се изведуваат валцери, полки, чардаши…

6. Диригентот Вили Босковски го водел оркестарот 25 папти до 1979 година.

7. Кога во 1980 година тој го откажал учеството поради здравствени проблеми, Филхармонијата направила голема промена. За диригент бил избран Лорин Мацел до 1986 година. Потоа, секоја година се бирал нов диригент.

8. Со концертот се испраќаат новогодишни пораки за надеж, пријателство и мир низ целиот свет.

9. Златната сала традиционално се украсува со раскошни цветни аранжмани.

10. Во 2017 година оркестарот настапи во нови костуми кои ги дизајнираа светски познатите Вивен Вествуд и Андреас Кронтале.

За Нова година НЕ давајте пари и НЕ барајте ЗАЕМ! Еве и зошто

Долгата традиција за прослава на Новата година доведе до многу суеверија кои и денес владеат во нашето општество. Повеќе верувања се поврзани за работи кои никако не смееме да ги направиме ако сакаме нашите планови и желби навистина да се остварат во идната година.

Едно од важните верувања се однесува на емотивните односи со блиските луѓе. Имено, никако не смеете да заборавите да им честитата на вашите блиски Нова година, бидејќи така ќе се оддалечите од нив во идната година.

Финансиската сигурност е една од работите за кои се стреми секој од нас, па постои цврсто верување дека на 31 декември и на 1 јануари не треба да се позајмуваат пари, бидејќи таков почеток на новата година претскажуваат нови 12 месеци со материјални проблеми.

Не изнесувајте ништо од дома на 1 јануари! Ова верување важи апсолутно за се, се верува дека на овој ден дури не смеете да го изнесете ни сметот од дома. Некои луѓе сметаат дека е во ред да се изнесуваат предмети на 1 јануари, ако претходно нешто се внесе во домот. Има и такви кои пак сметаат дека не е добро дури и да се чистат теписите тој ден.

Покрај сексистичкиот призвук, едно од старите верувања вели дека првото лице кое ќе влезе во домот по полноќ не треба да биде жена, бидејќи порано се сметало дека жените донесуваат несреќа. Исто така, порано се сметало дека првото лице кое ќе влезе во домот не треба да биде некој кој има руса или црвена коса. Секако, ова не значи дека треба да не примите русокоси или црвенокоси роднини, добра пријателка или партнер кој ќе ви дојдат на забава по полноќ.

За многу лош знак се смета дека на првиот ден во новата година никако не треба да се јаде пилешко или мисиркино месо. Причина за тоа е што птиците порано се сметале за нечисти. Со оглед на тоа, се верува дека нечистотијата која така ќе ја внесете во домот, никако нема да ја исчистите во тек на цела година.

Иако владее верување дека треба да се направи по некоја ситница во врска со работата, треба да се биде умерен.

Суеверието вели дека не е добро претерано да се работи на 1 јануари. Големото ангажирање, посебно почнувањето на нови активности на овој ден значи дека тоа нема да биде просперитетно, туку напротив, ќе биде осудено на неуспех.

Во нашето општество владее верување дека на некој црковен празник никогаш не треба да се бавите со домашни работи. Истото верување важи и за Новата Година, но луѓето веруваат дека на овој ден дури не треба ни да се мијат чинии.

Затоа…

Потрудете се да бидете во добро расположение, бидејќи постои верување дека тие емоции што ќе ги имате на 1 јануари, ќе ве следат во текот на цела година.

Старите Срби верувале дека дури и ветерот може да биде добар показател каква ќе биде претстојната година. Па така, ако нема ветер или дува од југ, тоа значи дека следната година ќе биде добра и плодна. Од друга страна, ако ветерот дува од исток, годината ќе донесе немаштија и неволји.