Рашковски излегува од куќен притвор со речиси 200 илјади евра гаранција

Апелацискиот суд Скопје вчера ги укинал мерките куќен притвор за Драги Рашковски и за Трајко Вељановски, дознава МКД.мк.

За екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, судот ја прифати понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот.

Рашковски добил ослободување од куќен притвор на денот кога Боки 13 објави дека тој бил човекот кој комуницирал за сомнителни проекти на екс премиерот Заев.

На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и провремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор за случајот Организатори на 27 апприл за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор.