Македонија
150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АПОСТОЛОТ НА МАКЕДОНСКОТО РЕВОЛУЦИОНЕРНО ДВИЖЕЊЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Секој еден од нас треба да биде запознаен со ликот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев. Како човек кој целиот свој живот го посветил на Организацијата и ослободувањето на македонскиот народ, тој несомнено го има заслужено своето место помеѓу великаните кои во себе ја носеле идејата за слободна, независна и суверена Македонија.
Како што и тој самиот вели, дека „Моралната револуција, револуцијата на умот, срцето и душата на еден ропски народ, е најголема задача“ потребата од ваков вид на револуција кај секој еден Македонец денес е потребна повеќе од кога било.
Од неговата порака, треба да го изведеме заклучокот дека новата преродба, оживувањето на ликот и делото на револуционерите, како и севкупната идеја за Македонија и македонскиот народ, треба да биде стожер врз кој ќе се гради нашата нова иднина.
За таа цел, по повод точно 150 години од раѓањето на еден од најголемите македонски синови, Конзерватив МК одлучи да изработи онлајн прирачник според кој секој ќе може да се води, да осознае повеќе за ликот и делото на Делчев, како и да ве мотивираме самите да ги посетите овие локации.

ЛОКАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕТИТЕ СО ЦЕЛ ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ:
1.Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско — историски музеј во штипската маала Ново Село, дел од Македонија кој дал голем број на револуционери посветени на каузата. Музејот е посветен на дејци на ВМРО и нејзината револуционерна дејност во и околу реонот на градот Штип.
ИЗЛОЖЕНОСТ: Во музејот се изложени разни документи, оружја и предмети од времето на ВМРО, како и 11 восочни фигури на учителите во Штип и водачи на македонската револуционерната организација, Гоце Делчев, Даме Груев и Ѓорче Петров. Покрај нив, посебно значење и место во музејот е дадено и на голем број штипски дејци, меѓу кои Мише Развигоров, Тодор Александров и Ванчо Михајлов. Експонатите во музејот го опфаќаат периодот од основањето на ВМРО во 1893 година па се до 1934 година.
2.Спомен соба УГД: На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев” (УГД), во новиот Ректорат се наоѓа некогашното училиште во кое Гоце Делчев вршел просветна дејност. Во просторијата можете да ги најдете камата и револверот кои служеле при положување на светата заклетва од страна на комитите, поставени се големи постер-панели во кои со фотографија и текст се претставени сегменти од животот на Делчев додека бил во Ново Село а сочувани се и оригиналните клупи од времето кога тој бил даскал, а во кои седеле неговите ученици.
3.Спомен куќа во Битола: Отворањето на музејот е иницирано според податоците за двомесечниот престој на Гоце Делчев токму во оваа куќа во Битола во 1901 година, непосредно пред средбата со неговиот близок соработник Дамјан Груев кој се наоѓал во затворот во градот.
Музејот е отворен во 1988 година, на 4 мај – одбележувањето на 85 години од смртта на Делчев. Поставката содржи две изложбени простории со вкупна површина од околу 37 м2, каде од бројните експонати значајно место зазема револверот подарен од Гоце Делчев на Михаил Ракиџиев, сопственик на куќата.
4.Музеј на македонската борба Скопје
Наменет не само за Гоце, туку за секој еден кој без ниту малку сомнеж се приклучил кон четите и го ризикувал својот живот за слободна и независна Македонија, Музејот на македонската борба во главниот град е место кое сите Македонци мораат да го посетат. Отворен е на 8 септември во 2011 година, на точно 20 години од независноста на Република Македонија.
Во рамки на музејските поставки, може да се најдат повеќе катчиња посветени на Гоце Делчев. Нему му е посветена една од многуте восочни фигури во музејот, како и две уметнички дела:
– Гоце Делчев, учител во Штип, 1896 г. (Автор: Полина Владимировна Минеева, Руска Федерација)
– Гоце Делчев и Ѓорче Петров (Автор: Данчо Кал’чев, Република Македонија)
ГОЦЕ И ВМРО СЕ СТОЛБОТ НА БОРБАТА ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА
Секоја држава има свое движење кое игра клучна улога во формирањето на нацијата, како и создавањето на независна држава. Македонскиот етникум, кој претставува континуитет со повеќе од 2.500 години историја, своите идеи за формирање на сопствена држава со сопствени поредок и институции, ја искажува најгласно преку создавањето на првата Република на Балканот со Илинденското востание во 1903 година.
Слика: Најважните битки на Македонија и соседството.

Со сликата „Гоце Делчев“, масло на платно од 1940 година, со димензии 100х73 на македонскиот уметник Лазар Личеноски, Националната галерија му се поклони на големиот македонски револуционер по повод 4 мај – денот кога тој загинал за Македонија. Сликата е сопственост на Националната галерија
Веб-страна: https://nationalgallery.mk/
Вистинските чекори во уметноста беа направени во некогашната Уметничка галерија а подоцна преименувана како НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА. Таа има најзаслужно и единствено место во развојот на современиот и млад македонски ликовен израз. Во нејзината работа се инсистираше на современа и јасна ликовна концепција за поквалитетен и поистанчен начин на презентирање на ликовните дела, за соработка и полемика меѓу авторите, со што помогна за извонредно да се прикаже, приближи и квалификува тогашната состојба, размислувања и идеи во ликовнот живот во Република Македонија.
УМЕТНИЧКИ ДЕЛА: Гоце Делчев, масло на платно, 100х73 см.
Автор: Лазар Личеноски. Година: 1940.

Постановката од 15 портрети на Делчев беше изложена по повод 110 годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер. Изложбата беше составена од слики и цртежи кои сликарот ги сочувал бидејќи околу 35 негови дела се продадени како во Македонија така и во странство.
Покрај Личеноски, значајно место во овековечувањето на Гоце Делчев зазема и академскиот сликар Ангел Петров од Велес.
Тој претставува една од водечките личности во уметничкиот свет, а е запаметен како создавач на најголемиот збир на портрети на Гоце Делчев.

„На ликот на Делчев се навраќав повеќе пати во мојот живот. Тоа не е едноставен лик, има карактеристични очи и поглед. Тие многу зборуваат. Во нив има стремеж, визија, цел зрачат со некаква голема желба што јас ја толкувам како желба за национална слобода на македонскиот народ,“ изјави Петров.
„Без разлика на вашето место на живеење, работната позиција или пак политичка определба, секој еден од овие значајни артефакти преку кои ликот и делото на Гоце Делчев и ден денес живеат, треба да биде редовно посетуван и негуван. Патувањата низ цела Македонија од кое било место како и посетата на овие установи не чинат повеќе од неколку стотина денари, што речиси секој може да си го дозволи и не постои оправдување – Стефан Василевски“.
Задачата на Гоце Делчев била да ги постави основите врз кои ќе се гради македонскиот пат до слобода и независност, а наша света должност е да ја зачуваме Република Македонија.
„Гоце го замислувал светот како поле за културен натпревар меѓу народите, а денес на Македонија и македонскиот народ можеби најпотребна им е културната револуција. Затоа, да ги негуваме културата и историјата, да го градиме националниот дух како што тоа го правел Делчев, да градиме модерен и современ патриотизам – да го спознаеме своето и да го почитуваме повеќе од се останато“ – Бојан Никовски.
Гоце е Македонија!
You may like
-
Милош Биковиќ е ВНУК НА ВОЈВОДАТА ОД ЧЕТАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ (Видео)
-
(Видео) Бугарскиот историчар со шамар за политичарите: Делчев умре за Македонија!
-
Девојчето со ангелски глас: Слушнете ја Анастасија како пее песна за Гоце (Видео)
-
Дрска изјава од бугарското МНР: Властите во Скопје ги понижија бугарските граѓани
-
Најубави ! “За Гоце, за МАКЕДОНИЈА” – грмнаа учениците од ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп
-
Бугарин на Деве Баир: „Си го продадовте името за 5 чрвени на Грците!“
Македонија
Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот
АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).
Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери
Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.
Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.
Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.
Македонија
Андоновски најави: Доаѓа единствениот електронски идентификациски број за сите граѓани
Иако технолошката основа постои, македонските институции функционираат како „засебни острови“ и го кочат дигиталниот развој на државата, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје. На годишната конференција на Американската стопанска комора, тој отворено ја критикуваше администрацијата и најави радикални мерки за искористување на заспаниот потенцијал на Платформата за интероперабилност.
„Не се доволни 2,6 милиони трансакции месечно на оваа платформа, може и мора да има десет пати повеќе“, беше јасен Андоновски. И покрај огромниот раст од 274% во ноември 2024 година во споредба со просекот, министерот смета дека тоа е само почеток. Проблемот не е во ИТ-то, туку во менталитетот и однесувањето на институциите.
„Вчера од еден од покрупните директори слушнав ваква констатација – тоа е мој податок што го прибирам по мои закони и немам зошто да го споделувам со друга институција од друг сектор. Проблемот е системски во размислувањето на администрацијата.“
Во насока на поврзување на податоците и заштита на граѓаните, Андоновски откри дека вчера Владата ги прифатила измените на Законот за Централен регистар на население, со што се воведува единствен електронски број на граѓанинот.
Овој број ќе биде анонимизиран матичен број. Ќе биде реплициран и во единствениот даночен број за граѓаните. Целта е да се поврзат податоците за секој граѓанин без да се загрози неговата приватност.
Иако Платформата за интероперабилност е задолжителна за сите 400 државни институции, досега се приклучени само 78. Министерот вели дека ова мора да се промени.
За првпат, со законски измени се воведува инспекциски надзор и се формира сектор за контрола. Конечно се предвидени казни и санкции за институциите кои одбиваат да се приклучат и да разменуваат податоци. Се очекува наскоро да се приклучат и коморите на нотарите, извршителите и адвокатите, како и приватните компании, кои сè уште се само десетина.
Андоновски истакна дека Македонија, за разлика од многу други држави, веќе ја има технолошката основа за комуникација меѓу институциите. „Има и поразвиени држави од нас кои ја немаат оваа платформа и за секоја услуга развиваат билатерални врски една со друга институција. Тоа кај нас е олеснето“, рече тој.
Министерството веќе работи на инсталирање на набавената нова хардверска инфраструктура за забрзување на размената и зголемување на безбедноста.
„Секоја нова електронска услуга нема да ја поддржуваме сè додека нема информација дека ја користи платформата во вистинска смисла.“
Најавени се и активности за дигитализација и приклучување на клучни регистри како Регистарот за адреси и новиот Интегриран информациски систем за управување со финансии (ИФМИС) во Министерството за финансии.
Трендинг
-
Црна Хроника4 days agoОбид за кражба завршил со пожар во Брвеница – Полицијата со детали
-
Црна Хроника1 day agoПолицијата во Тетово со полни раце работа – Уапсени пет лица
-
Балкан3 days agoДрама во Србија: БМВ се заби во камион, возачот со цигара тврди: „Не знам, ме удри камион“ (ВИДЕО)
-
Република7 days agoЕве од кога ќе почнат да работаат камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово
-
Црна Хроника5 days agoПолицијата го лоцираше украденото „Ауди“ за неколку часа – младиот тетовец уапсен!
-
Скопје6 days agoСекое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски
-
Економија3 days agoКинескиот канал Солун–Дунав повторно актуелен: Македонија би била клучна транзитна точка
-
Црна Хроника3 days agoТројца приведени по физички напад во Тетовско















