Connect with us

Македонија

Протест на ССМ: Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот, доста им бевме слуги на работодавачите

Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија, заедно со штрајкувачките одбори денеска ја блокираа улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора во центарот на Скопје во знак на незадоволство од предлогот на работодавачите за методологијата на минималната плата.

За синдикатот, предлогот е неприфатлив бидејќи нивните пресметки покажале дека минималната плата би се зголемила на 16.164 денари, а синдикатот бара минималната плата да изнесува 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати.

Да не застанеме додека не го добиеме нашето право. Доста беше да им бидеме слуги на работодавачите. Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот. Во џебовите на работодавачите завршуваат 60 проценти од профитот. Мора да престане и исплатата на плата во плик затоа што нашиот работник утре ќе биде пензионер и ќе стане социјален случај, порачаа синдикалците.

Најавија дека доколку денеска на седницата на Економско-социјалниот совет не бидат прифатени нивните барања за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и за скалесто зголемување на сите останати плати, ќе организираат генерален штрајк и други облици на притисок како блокирање на улици и фабрики.

На 10 февруари, за кога е закажана собраниската седница на чиј дневен ред е Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, ќе организираат собир пред Собранието.

Од ова нема враќање. На потег се Владата и работодавачите. Работникот зема 15 илјади денари, а минималната потрошувачка кошничка е 35 илјади денари. Пораката е егзистенција, ништо повеќе, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Според Димовски, со зголемувањето на минималната плата бенефит ќе имаат и работниците, и работодавачите и државата- работникот ќе добие достоинствена плата за да го помине месецот, работодавачите ќе добијат мотивирани работници и ќе ја зголемат продуктивноста, а државата по основ на придонеси на месечно ниво ќе има прилив од 2.750.000 евра од 110.000 работници кои земаат минимална плата.

За денеска е закажана и седница на Економско-социјалниот совет на која повторно ќе се разговара за зголемување на минималната плата откако во средата не беше постигнат договор.

Македонија

Автошколите под лупа: Дали договарале цени за обука на возачи?

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) фрли сенка врз работата на авто-школите во земјава, откривајќи индиции за можно картелско договарање на цените за обука на возачи. Одлучувачката Комисија за прекршоци при КЗК соопшти дека извршила голем, интензивен увид во повеќе од 40 авто-школи ширум Република Македонија. Целта е утврдување можни драстични прекршувања на Законот за заштита на конкуренцијата.

Она што го откри комисијата е многу сериозно. При увидот, се појавиле силни индиции кои упатуваат на усогласено однесување на авто-школите, односно нелегален картелски договор при формирањето на цените за кандидатите за возачи.

Ова потенцијално претставува директно кршење на клучниот член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата, кој го забранува договорното однесување кое ја попречува или ограничува конкуренцијата.

Комисијата нема да застане тука. Тие најавуваат интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите факти поврзани со ова сомнително однесување.

Доколку истрагата го потврди постоењето на забранетото договорно дејствување – односно дека авто-школите им штетеле на граѓаните со вештачки надуени цени – КЗК порачува: ќе бидат преземени најостри мерки согласно законот.

Комисијата е посветена на заштита на фер пазарот и на интересите на потрошувачите – порачаа од КЗК, најавувајќи дека случајот ќе го следат до крај.

Continue Reading

Македонија

Голема полициска акција во Прилепската болница – има уапсени

finansiska

Финансиската полиција денес изврши апсење на лице директно поврзано со Општата болница во Прилеп.

Според информациите, станува збор за сериозен криминал – проневера на вртоглава сума од околу 16.000.000 (шеснаесет милиони) денари од болничките сметки.

Иако засега надлежните институции молчат и не изнесуваат официјални детали, истрагата е во тек.

Повеќе детали за овој скандал се очекуваат во текот на денот, веднаш по официјалната потврда од истражните органи.

Извор: Прес24 

Continue Reading

Македонија

Туфегџиќ: Ревизија на предметите во ОЈО клучна за враќање доверба во правосудството

Вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, адвокатот Владимир Туфегџиќ истакна дека новоизбраниот јавен обвинител треба итно да спроведе ревизија на проблематични предмети во Јавното обвинителство.

„Новиот јавен обвинител веднаш да спроведе контрола на законите во неколку предмети на сите обвинители по случаен избор. Ќе испливаат на површина обвинители кои имаат хроничен проблем со обвиниение, со начинот на постапување, со менаџирање на постапка, со прибирање на докази. Јавното обвинителство ќе добие реална слика кој како постапува, и ќе видите дека шест месеци колку трае истрага, во голем дел не е преземено ниту едно дејствие“, рече Туфегџиќ.

Адвокатот нагласи дека ревизијата е клучна за враќање на довербата на јавноста во работењето на обвинителството.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг