„Плачеше и бараше помош“: Светот се простува од трагично починатиот Рајан

Петгодишниот Рајан четири дена поминал заглавен во бунар во Мароко. Набргу откако спасувачите конечно успеале да стигнат до него, петгодишното момче починало поради здобиените повреди.

Оваа неизвесна спасувачка акција ја следеше цел свет, а по трагичната смрт на детето, потресни пораки ги преплавија социјалните мрежи.

„Рајан ни покажа дека човештвото навистина постои. Ти благодарам Рајан што преживеа во тунелот пет дена додека не излезе на безбедно и не ни покажа дека си ангел“, рекол еден корисник на Твитер со илустрација на момчето.

„Ова момче ги поврза луѓето ширум светот. Почивај во мир ангелче“, стои во друга објава.