Вработен во пошта украл 220 илјади денари од починато лице

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Новак, општина Центар Жупа за фалсификување службена исправа.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување службена исправа“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д. Ј. (58) од селото Новак, општина Центар Жупа. Тој, во својство на вработен во подружницата на АД „Пошти“ во селото Голем Папрадник, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено извршил присвојување на парични средства, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.


Со ова казниво дело тој присвоил парични средства во вкупен износ од 220.000 денари.