Верижен судир на крстосницата пред Влада, има повредени (ФОТО)

Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата пред зградата на Владата. 

Три возила учествувале во тешката сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу булеварите Илиндендска и Климент Охридски, пренесува Канал 5 ТВ.

Според очевидците , едно од возилата било службено , а имало и повредени .. На самото место има возила на Итна медицинска помош .

Увидот е во тек , а од МВР се очекуваат повеќе информации во текот на вечерва.