„ХРАНАТА ЌЕ БИДЕ СКАПА, цените на храната и енергијата НЕМА ДА СЕ ВРАТАТ какви што биле“

Тешко дека може да се случи да снема храна, само ќе биде скапа, изјави за Топ Тема на Телма универзитетскиот професор и поранешен потпретседател на СДСМ, Ванчо Узунов кој додаде дек цените на храната и енергијата нема да се вратат какви што биле.

– Немаме премногу можности, нема алтернативи, некако овој период да се преброди. Да очекуваме дека ситуацијата ќе се смирува со доаѓање на зимата, рече Узунов.

Според него Македонија го трпи проблемот затоа што е мала и отворена и нема каде да бега од кризата.

– Нема да се вратат цените на храна и енергија како што биле, меѓутоа да почне да се смирува ситуацијата. Цените на храната ќе растат, а ние сме поднебје за производство на храна да видиме како да се произведува храна и извезува, и инвестиции за производство на храна, изјави Узунов