Connect with us

Балкан

Имаме поевтина струја од Македонија, а имаме значајно повисоки плати

Published

on

Српскиот претседател, Александар Вучиќ при своето гостување во емисијата „Кирилица“ изјави дека Србија има најниска цена на електричната енергија во цела Европа.

-Тука ја имаме најниската цена на електрична енергија во Европа, пониска цена отколку што ја има Република Македонија, значјно пониска од Црна Гора, пониска од БиХ, а имаме значајно повисоки плати, изјави Вучиќ.

Вучиќ додаде додаде дека до крајот на мандатот на Владата, просечната плата ќе достигне до 1.000 евра.

Сакам да кажам и луѓето да видат дека ние тоа на извесен начин го субвенционираме тоа, притоа помагајќи го нашето население, посебно оние најсиромашните, а она што е најсуштински е да во мандатот на новата влада, до крајот на мандатот на таа влада можеме да дојдеме до просечна плата од 1.000 евра, рече Вучиќ.

Балкан

Албанија го забрани TikTok на една година – власта вели опасност, опозицијата најавува протести!

Published

on

Министерката за образование на Албанија, Огерта Манастрилиу, рече дека службениците се во контакт со Тик-Ток за инсталирање филтри за родителска контрола, како и за проверка на возраста и за вклучување на албанскиот јазик во апликацијата.

Албанската влада вчера одлучи да го затвори Тик-Ток на 12 месеци поради „содржината што ја објавува и која поттикнува насилство и малтретирање, особено меѓу децата”, објави Си-Ен-Ен.

Министерката за образование, Огерта Манастрилиу, рече дека службениците се во контакт со Тик-Ток за инсталирање филтри за родителска контрола, како и за проверка на возраста и за вклучување на албанскиот јазик во апликацијата.

– Властите одржаа 1.300 состаноци со околу 65.000 родители кои препорачaа и поддржаа затворање или ограничување на платформата Тик-Ток – рече министерката.

Албанската влада ја покрена постапката минатата година кога тинејџер избоде до смрт друг тинејџер во ноември, по расправија што започнала на Тик-Ток.

Кога премиерот на Албанија, Еди Рама, во декември изјави дека имаат за цел да ја затворат социјалната мрежа, Тик-Ток побара итно појаснување од албанската влада во врска со случајот со убиството со прободување со нож на тинејџер од негов врсник.

Рама вчера изјави дека властите на Албанија се во позитивен дијалог со компанијата и дека претставниците на Тик-Ток наскоро ќе ја посетат земјата за да понудат „низа мерки за зголемување на безбедноста на децата“.

Компанијата претходно соопшти дека „не нашла докази дека сторителот или жртвата имале профили на Тик-Ток и истакна дека бројните извештаи всушност потврдиле дека видеата што довеле до инцидентот биле објавени на платформа различна од Тик-Ток“.

Децата ја претставуваат најголемата група корисници на Тик-Ток во Албанија.

Загриженоста почна да расте кај родителите по извештаите за деца, инспирирани од содржината на социјалните мрежи кои носат ножеви на училиште или по случаите на малтретирање, поттикнати од приказните што ги гледаат на оваа платформа.

Опозицијата не се согласи со затворањето на Тик-Ток и закажа протести поради тоа за 15 март. Опозицијата смета дека забраната е „чин на нетрпеливост, страв и на терор против слободата на мислата и изразувањето“.

Continue Reading

Балкан

Франција ја презема нуклеарната безбедност на Европа – хрватските Rafale F3R како дел од стратегијата?

Published

on

Во време на геополитички потреси и промени, Франција се позиционира како клучен играч во европската безбедносна архитектура. Со околу 290 нуклеарни боеви глави и борбени авиони Rafale F3R способни да носат нуклеарни ракети, Париз се подготвува за нова улога – нуклеарен гарант на континентот.

Американската стратегиска ретерирање од Европа, засилено со политиките на Доналд Трамп, ја остава ЕУ со само една нуклеарна сила – Франција. Во таа насока, француско-германските договори предвидуваат стационирање на нуклеарно способни авиони Rafale BF-3 во Германија, како и можна интеграција на некои европски држави во француските нуклеарни воени вежби, како што е воздушната операција „Poker“.

Според некои анализи, хрватските и грчките Rafale F3R со соодветен технолошки апгрејд би можеле да носат француски крстосувачки ракети ASMPA-R, што би значело нивно потенцијално вклучување во европскиот нуклеарен одбранбен систем.

Во услови на глобална нестабилност, Франција не само што останува нуклеарна сила туку и го поставува темелот за нова ера на „нуклеарен деголизам“ – независна европска нуклеарна стратегија, надвор од американската сенка.

Continue Reading

Балкан

Вучиќ: Разговаравме со Путин, тој добро разбира што се случува во регионот

Published

on

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, објави дека имал добар разговор со рускиот претседател, Владимир Путин.

„Имав многу добар разговор со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во кој ги разгледавме сите важни аспекти на нашата билатерална соработка, а исто така потврдивме и претстојната средба на 9 мај во Москва“, изјави Вучиќ.

Тој нагласи дека разговорите се однесувале на политичката соработка, како и на потребата за продолжување на закрепнувањето на трговската размена и економската соработка. Вучиќ додава дека било зборувано и за договорот за снабдување со гас, како и за актуелната ситуација во Босна и Херцеговина.

„Една од клучните теми беше ситуацијата во регионот. Му ја пренесов пораката од претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Путин ја разбира ситуацијата во регионот и ги гледа обидите и потезите на високиот претставник во БиХ, кои имаат за цел да го соборат Додик. Руската Федерација секогаш го поддржувала Дејтонскиот договор и Република Српска. Сакам да кажам и дека луѓето во Србија се загрижени за обидот за шарена револуција, и разговарав со Путин за тоа. Му се заблагодарив што руските власти не го поддржуваат тој обид. Путин имаше јасен и прецизен став дека Русија ја разбира ситуацијата и дека ќе продолжи да ја поддржува легитимно избраната влада во Србија“, изјави Вучиќ.

Претседателот Вучиќ ќе ја посети Русија на 9 мај, по повод 80-годишнината од победата над фашизмот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк