Д-р Петличковски: Досега починале шест пациенти вакцинирани со три дози

Д-р Александар Петличковски, Претседателот на Комисијата за заразни болести, вечерва во гостувањето на ТВ Сител информираше дека досега во земјава има шестмина починати од коронавирусот кои биле вакцинирани со три дози.

Kaко што изјави тој, постојат повеќе причини зошто имаме висок број на починати од почетокот на пандемијата, како влошеното здравје, недоволниот опфат на имунизацијата, недостатокот на медицински лица…

„Сакам да упатам апел лекарите да не даваат антибиотици на заболените во првите четири дена со инфекцијата, рече Петличковски, додавајќи дека клиничар доктор треба да процени кога и дали има потреба од тестирање и проверка на крвна слика.

„Се тестира и кога треба и кога не треба. Треба да се направат индикации кога треба да се анализираат д-димери“, додаде Петличковски.