Connect with us

Македонија

Милевски го нарече „штетник и срам за Црквата“ владиката Агатангел

Published

on

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска, на манифестацијата во градот Кавадарци по повод одбележување на големиот христијански празник Св.Трифун,  го нарече вулгарен настапот на владиката Агатангел.

-Жалам што оваа манифестација се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што се сведе на еден вулгарен настап. Владиката Агатангел го навреди голем дел од македонското население и ја извалка мантијата под која што е. Да беше свесен што зборува, немаше да го каже тоа. Господинот Агатангел, ако може да се нарече господин, е срам и штетник за црквата и од МПЦ треба да размислат кого испраќаат на вакви настани, рече Милевски од плоштадот во Кавадарци.Според него, како што „црвите и мувите се штетни за лозарите, така и Агатангел наштетува“.

-Го величеше лидерот на опозицијата Мицкоски. Ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се гордее со неговата поддршка, тогаш нека му е на чест, рече Милевски за контроверзниот говор на владиката.

Изјавата, на која реагираа и новинарите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  не ја сметаше за потпалувачка, туку напротив за обединувачка иако застанал целосно на страната на неговата партија. 

Владиката Агатангел во придружба на градоначалникот Митко Јанчев, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и други свештени и цивилни лица, прво побара „ова свето место“ да се исчисти од муви и оси за да даде добар род, а потоа повика Божја помош и за партискиот лидер кој го придружуваше во закројувањето на лозјето. За владиката Агатангел ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсветата партија во државата и тој верува дека Господ и Богородица ќе му помогнат на Христијан Мицкоски да го врати сето македонско и национално.

„Возљубени чеда на Господа, чеда на нашата света македонска црква и на оваа света наша македонска земја, денес во градот Кавадарци, во срцето на Тиквешијата, со вашиот градски татко и нашиот драг градоначалник Митко Јанчев, со претседателот на најголемата и најсвета партија наша партија, ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, со сите пратеници, членови на Општината и сите советници, сите добронамерни луѓе, да го благословиме овој ден на лозарите, на виното, на љубовта. Се собравме заеднички да ја искажеме и болката и тагата, но еве ние Македонците ја забораваме и болката и тагата кога треба да се радуваме. И навистина денеска се радуваме што нашиот градоначалник, најдобриот градоначалник на оваа наша света македонска земја, господинот Јанчев, нè собра да го прославиме овој голем ден“, рече владиката на почетокот од говорот.

Нема да дозволиме, порача Агатангел, некој што не ја чувствува Македонија да ја одредува судбината на нашата земја.

„Сакам, можеби некој ќе ми замери, но еве некој вчера зборуваше да не зборуваме и да не гледаме на состојбите што ни се случуваат со емоции. Но, ние Македонците сме емоционални луѓе, ние Македонците сме патриоти, ние си го сакаме својот македонски јазик и држава, својата македонска нација и сето она што е свето и македонско бидејќи тоа го примивме од нашиот свет апостол Павле кој шеташе и чекореше по оваа света македонска земја. И затоа примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци јас длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, се ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со божја помош. Јас верувам дека Бог, спасителот наш Исус Христос, мајката божја Богородица, која е заштитничка на оваа света македонска земја, ќе му помогне него и на сите негови соработници на се она што е наше свето македонско, национално, ќе го вратиме назад и нема да дозволиме некој кој не ја чувствува Македонија национално да ја одредува судбината на нашата света земја“, рече владиката.

 МПЦ немаше коментар за неговата изјава, а владиката Тимотеј одговори  дека Синодот не заседавал по ова прашање и дека не може да коментира нешто што не го слушнал.

Македонија

Одлични вести: Еве од кога Македонија ја очекува убаво и сончево време

Published

on

До четврток се очекува променливо облачно време со повремени дождови.

Во некои делови ќе биде нестабилно, особено во попладневните часови, кога локално ќе има услови за краткотрајни невремиња со пороен дожд (над 15 литри на квадратен метар), грмежи и засилен ветер.

Како што информираат од УХМР, времето ќе се стабилизира во петок.

Continue Reading

Македонија

Архиепископот Стефан упати честитка по повод  Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ

Published

on

Почитуван Реис Ул Улема,

Од свои име и од името на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Вам и на сите муслимани во нашата Татковина, ви го честитам завршувањето на благословениот Рамазан и настапувањето на Фитр Бајрам.

Рамазан е прекрасен пример дека човекот треба да живее не само за себе, туку, пред сѐ, за Бога и за своите ближни. Тоа браќата муслимани, во овој месец на духовно очистување, го покажаа со пост, со богобојазливост и со грижа и љубов кон другите.

Го молиме милостивиот и милосрден Бог да ги прими усрдните молби на сите свои чеда, дарувајќи ни мир, слога и заедништво.

Бајрам мубарек олсун!

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
СТЕФАН

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити честита Фитр Бајрам: Нашата заедничка работа ќе ги донесе своите плодови

Published

on

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, упати честитка до верниците со порака за солидарност, пожртвуваност и заедничка работа за општото добро.

„По еден месец посветеност, пожртвуваност и размислување, Фитр Бајрам доаѓа како божествен благослов и награда. Како што постот не научи на трпение, воздржаност и посветеност, така и нашиот заеднички напор за општо добро бара посветеност, трпение и пожртвуваност,“ напиша Меџити.

Тој истакна дека во текот на Рамазанот се работело за зајакнување на верата, изградба на заедничка визија и надминување на предизвиците со мудрост.

„Фитр Бајрам нè потсетува на важноста на солидарноста, а исто така нè инспирира да го трансформираме овој дух во конкретни дела за нашето општество,“ додаде тој.

На крај, Меџити порача: „Среќен Бајрам! Божјиот мир, милост и благосостојба нека биде врз вас, врз вашите семејства и врз сите оние кои работат за општо добро!“

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк