(Видео) Страшен пожар во Сараево: Гори автобуска станица

На автобуската станица во Сараево денес околу 13 часот избувнал голем пожар, а според првите информации на сараевските веб-портали има и повредени.

На местото на настанот се испратени неколку противпожарни екипи кои го локализираат пожарот.

Пожарот ги зафатил речиси сите маркети во рамките на Автобуската станица.

Густиот чад брзо лебдел над областа, а многу луѓе во паника го напуштиле просторот на станицата. На местото на настанот се испратени и екипи на итната помош и полиција.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот во автобуската станица во општината Ново Сараево.

YouTube video player