ФОТО: Пронајдено чудно суштество во океанските длабочини, еве што велат научниците за „дух ајкула“

Научници од Нов Зеланд пронашле ретко младенче „дух ајкула“, малку познат вид риба која живее во длабочините на океаните.

„Дух ајкула“ ретко се забележува, а средбата со младенчето е уште поретка појава.

Научниците велат дека ова откритие ги појаснува анализите за најмладиот стадиум на овој вид. Доктор Брит Финучи изјавила дека оваа риба ја пронашле случајно додека ја истражувале подводната популација.

-Длабоководните видови тешко е да се пронајдат, особено оние како „дух ајкулата“ и се прилично мистериозно, истакнала таа на Би-Би-Си.

„Дух ајкулата“ не е вистинска ајкула, туку вид риба која е блиско поврзана со ајкулите и ражите.