(ВИДЕО) Се степаа украински новинар и политичар

Украинскиот новинар Јури Бутусов и членот на Платформа за живот Нестор Шуфрич се степале за време на гостувањето во емисијата „Слобода на говорот“ на Савик Шустер.

Тепачката избила кога Шуфрич истакнал дека „Платформата за живот“ е втората најсилна во парламентот, а народот на Украина ја поддржува неговата страна, на што Бутусов одговори со обвинувања дека членовите на „Платформата“ се предавници, по што тој ги обвини за ширење на руската пропаганда во Украина.

Шустер се обиде да ја смири ситуацијата велејќи дека судот треба да одлучи дали некој е предавник.

Само неколку моменти подоцна Бутусов притрча до Шуфрич и го удри во лицето, по што изби тепачката.

Кога ситуацијата малку се смири, Шуфрич го напушти студиото на неколку минути, за да се врати и да му каже на својот ривал дека е обичен провокатор, а и дека се „гребе како девојче“.