Connect with us

Македонија

Кај нас сметка за струја 700 евра – Во Швајцарија толку плаќа еден граѓанин за цела година

Јануари беше голем економски удар за многу семејства, бидејќи некои од нив се жалат на високи сметки од 200 до 700 евра по домаќинство. Иако надлежните изјавија дека струјата во јануари ќе поскапи за 10 отсто, граѓаните со кои разговараше Portalb.mk се жалат дека добиле сметки за над 50 отсто повисоки од декември, дури и случаи кога сметките дошле со цена над 100 % повисока од претходно.

Од ЕВН тврдат дека цената на струјата не зависи од нив, туку од Регулаторна Комисија и демантираат дека добиваат високи сметки, туку дека тие се претпоставени (паушали), кои може да се корегираат. Но, доколку овие износи и по корекцијата останат високи може да се каже дека цените се драстично високи и недостапни за граѓаните.

Љокман Бакију од село Студеничани, вели дека три дена по ред оди да се жали, бидејќи сметката за струја за јануари била 41.691 денар во однос на декември кога платил 14.159 денари, што е повторно висока сума, кога минамалната плата во моментов е 15.200 денари. Тој вели дека за да ја платат јануарската сметка треба да работат полни два месеци, ако не и повеќе.

Екипата на порталот, за споредба, направи разговор со мигранти од Македонија кои живеат во земјите на Европската унија, кои го покажуваат своето искуство со струјата, која за домаќинствата, како што велат, се случува да не се плаќа како што е случајот во Македонија. Ова се должи и на фактот, како што велат, можноста што ја нудат соодветните земји за парно греење, што не е случај во Македонија, освен во Град Скопје.

Швајцарија – Кичевецот Мадин Амити, кој живее и работи во Швајцарија, вели дека никогаш не се случило да плати толку многу струја, ниту за цела година. Амити во Швајцарија плаќа најмногу 700 евра годишни трошоци за струја и е должен да му помогне на дел од семејството кое живее во Македонија да ги плати вртоглавите суми струја.

Франција – Фарук Елези, кој ја напушти земјава пред две години, вели дека во Франција плаќа од 20 до 30 евра максимум за еден месец.

Италија – „Во Италија ретко плаќам не повеќе од 20 евра “, вели Елберие Јашари, која поради тешките економски услови е принудена да ја напушти Македонија.

Австрија – Нерихан Азири, наведува дека плаќа најмногу 73 евра месечно. Во сметката на еден од месеците што ни ја испрати, платил само 32 евра.

Извор: Порталб

Македонија

Нов чекор во зачувувањето на традицијата: Промовирани македонските машки носии од Преспа во Пустец

Во гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец денес се одржа промоција на новоизработени македонски машки народни носии од Преспанскиот регион. Носиите се создадени во рамките на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во Корчанскиот регион“, кој го спроведува Македонското друштво „Сонце“ во партнерство со неколку организации и со поддршка на Комитетот за национални малцинства на Албанија.

По ланската реконструкција на четирите женски носии, денешната презентација на машките носии го комплетира целосниот фолклорен ансамбл на Македонците од Преспа, што ќе може да се претставува на домашни и меѓународни културни манифестации.

Претседателот на друштвото „Сонце“ од Корча, Васил Стерјовски, изјави дека овој проект е значаен чекор во зачувувањето и унапредувањето на македонската традиција во Албанија.
„Со ова, македонската културна ризница добива уште посилен и подостоинствен претставник и дома, и на меѓународната сцена,“ нагласи Стерјовски.

Continue Reading

Македонија

Народната банка го објави конкурсот за годишната награда за млади истражувачи

Народната банка на Република Македонија ги повикува младите истражувачи да учествуваат на Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Целта на оваа награда е да го стимулира развојот на научната мисла, да ја поттикне изработката на висококвалитетни истражувачки трудови во клучните економски дисциплини, како и да ги афирмира талентираните млади стручни кадри во земјата.

Право на учество имаат државјани на Република Северна Македонија кои не ја надминале 35-годишната возраст.

Клучни барања за трудовите:

  • Трудот мора да содржи осврт на македонската економија.

  • Максимален број на знаци е 80.000 карактери, со препорака за почитување на стандардна научна структура.

  • Трудовите може да бидат поднесени на македонски, албански или англиски јазик.

  • Секој автор може да поднесе само еден труд.

Дозволено е да се конкурира со веќе објавени истражувања, под услов да не се објавени пред 1 јануари 2026 година.

НБРМ гарантира дека сите доставени трудови ќе бидат третирани како доверливи материјали.

Критериумите за вреднување вклучуваат повеќе аспекти, со посебен акцент на: релевантноста на темата, квалитетот на анализата, методолошкиот пристап и јасноста на заклучоците.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2026 година.

Предвидени се значајни парични награди за најуспешните истражувачи: Прворангираниот труд ќе биде награден со 130.000 денари, додека пак второрангираниот труд со 65.000 денари.

Пријавувањето се врши електронски. Трудот во ворд-формат, заедно со кратка биографија на авторот, треба да се достави на следната е-адреса: konkurs@nbrm.mk, со задолжителна назнака: „За Годишната награда на Народната банка“.

За подетални информации, целиот текст на Конкурсот е достапен на веб-страницата на Народната банка.

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година

Continue Reading

Македонија

Хаос на патиштата: 6.151 казна и 44 приведени за само 9 дена – полицијата апелира на внимателност

Полициската акција на патиштата низ земјава ги покажува застрашувачките резултати од недисциплината во сообраќајот. Во првите девет дена од декември, МВР удри по педалата, евидентирајќи неверојатни 6.151 сообраќаен прекршок.

Најострите мерки се насочени кон оние кои најдиректно ја загрозуваат безбедноста. Вкупно 44 лица се лишени од слобода за насилничко управување на возило, согласно Член 297-а од Кривичниот законик. Меѓу нив, 33 возачи се фатени како возат под дејство на алкохол, директно претворајќи ги своите возила во смртоносно оружје.

Покрај пијаните возачи, на “црната листа” се најдоа двајца возачи кои возеле во забранет правец, и девет лица фатени во брзи трки: пет во населено место и четворица надвор од него, јасно игнорирајќи ги ограничувањата.

Издадени се 6.151 платни налози, а анализата на прекршоците открива фрапантни бројки:

  • Брзина – Апсолутен Рекордер: Со 1.573 казни, брзото возење останува најголем проблем на македонските патишта.

  • Хаос на Паркинзите: Евидентирани се 1.511 прекршоци за непрописно паркирање.

  • Возење Без Дозвола: 620 возачи се фатени како возат без да поседуваат возачка дозвола.

  • Игнорирање на Правилата: 173 санкции за возење под дејство на алкохол и 39 казни за минување на црвено светло.

  • Заборавениот Појас и Мобилниот: 349 учесници не користеле сигурносен појас, а 214 возачи зборувале на мобилен телефон.

Полицијата дејствуваше и на терен: 119 возила се отстранети од сообраќај поради нерегистрираност, а 62 поради техничка неисправност. Санкционирани се и 28 возачи со непрописно затемнети стакла.

Полицијата соопштува дека контролите нема да престанат. Апелот е јасен и остар: Почитувајте ги правилата! Безбедноста на патиштата е одговорност на секој поединец.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг