Connect with us

Македонија

Птичји грип откриен кај корморан во штипско, граѓаните да внимаваат на пцовисани птици

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево ги доби резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со кои кај мостра од дива птица – корморан од Штипско, е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип).

За утврдување на поттипот на сој на вирусот, кој не е детектиран на фарма, туку кај дива угината прелетна птица најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања.

Пријава за сомнеж на случај, АХВ доби на 18 февруари, кога од страна на ветеринарно друштво од Штип, мострата од дивата прелетна птица е доставена за лабораториско испитување во Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува решение, со кое ќе се спроведат соодветни мерки за заштита од ширење на вирусот и негово ставање под контрола, вклучително и дополнителни прегледи на одгледувалиштата и попис на живината на фармите.

– Останува апелот до одгледувачите, биoсигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Доколку граѓаните најдат угината дива птица во природата, апелираме за тоа да го известат најблиското ветеринарно друштво или Агенцијата за храна и ветеринарство, наведува АХВ.

Македонија

Андоновски најави: Доаѓа единствениот електронски идентификациски број за сите граѓани

Иако технолошката основа постои, македонските институции функционираат како „засебни острови“ и го кочат дигиталниот развој на државата, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје. На годишната конференција на Американската стопанска комора, тој отворено ја критикуваше администрацијата и најави радикални мерки за искористување на заспаниот потенцијал на Платформата за интероперабилност.

„Не се доволни 2,6 милиони трансакции месечно на оваа платформа, може и мора да има десет пати повеќе“, беше јасен Андоновски. И покрај огромниот раст од 274% во ноември 2024 година во споредба со просекот, министерот смета дека тоа е само почеток. Проблемот не е во ИТ-то, туку во менталитетот и однесувањето на институциите.

„Вчера од еден од покрупните директори слушнав ваква констатација – тоа е мој податок што го прибирам по мои закони и немам зошто да го споделувам со друга институција од друг сектор. Проблемот е системски во размислувањето на администрацијата.“

Во насока на поврзување на податоците и заштита на граѓаните, Андоновски откри дека вчера Владата ги прифатила измените на Законот за Централен регистар на население, со што се воведува единствен електронски број на граѓанинот.

Овој број ќе биде анонимизиран матичен број. Ќе биде реплициран и во единствениот даночен број за граѓаните. Целта е да се поврзат податоците за секој граѓанин без да се загрози неговата приватност.

Иако Платформата за интероперабилност е задолжителна за сите 400 државни институции, досега се приклучени само 78. Министерот вели дека ова мора да се промени.

За првпат, со законски измени се воведува инспекциски надзор и се формира сектор за контрола. Конечно се предвидени казни и санкции за институциите кои одбиваат да се приклучат и да разменуваат податоци. Се очекува наскоро да се приклучат и коморите на нотарите, извршителите и адвокатите, како и приватните компании, кои сè уште се само десетина.

Андоновски истакна дека Македонија, за разлика од многу други држави, веќе ја има технолошката основа за комуникација меѓу институциите. „Има и поразвиени држави од нас кои ја немаат оваа платформа и за секоја услуга развиваат билатерални врски една со друга институција. Тоа кај нас е олеснето“, рече тој.

Министерството веќе работи на инсталирање на набавената нова хардверска инфраструктура за забрзување на размената и зголемување на безбедноста.

„Секоја нова електронска услуга нема да ја поддржуваме сè додека нема информација дека ја користи платформата во вистинска смисла.“

Најавени се и активности за дигитализација и приклучување на клучни регистри како Регистарот за адреси и новиот Интегриран информациски систем за управување со финансии (ИФМИС) во Министерството за финансии.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска: Јавниот обвинител треба да биде отпорен на политички влијанија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека јавниот обвинител треба да биде бескомпромисен во почитувањето на законот, заколнат борец за владеење на правото и отпорен на партиски и политички влијанија, нагласувајќи дека тоа е клучно за успешни судски реформи.

Сиљановска Давкова коментираше и за последната одлука на Владата за продолжување на постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, потсетувајќи дека постојат јасни законски процедури за избор и разрешување на обвинител. Таа нагласи дека целосната транспарентност и професионалност во работењето на обвинителите е неопходна за намалување на корупцијата и криминалот, кои се глобален проблем според последниот Евробарометар.

Претседателката оцени дека законските измени што Владата ги испрати на Венецијанската комисија претставуваат значаен чекор кон подобро регрутирање и функционирање на Судскиот совет и судскиот систем, со цел да се зајакне владеењето на правото и транспарентноста во правосудството.

Continue Reading

Македонија

Нов чекор во зачувувањето на традицијата: Промовирани македонските машки носии од Преспа во Пустец

Во гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец денес се одржа промоција на новоизработени македонски машки народни носии од Преспанскиот регион. Носиите се создадени во рамките на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во Корчанскиот регион“, кој го спроведува Македонското друштво „Сонце“ во партнерство со неколку организации и со поддршка на Комитетот за национални малцинства на Албанија.

По ланската реконструкција на четирите женски носии, денешната презентација на машките носии го комплетира целосниот фолклорен ансамбл на Македонците од Преспа, што ќе може да се претставува на домашни и меѓународни културни манифестации.

Претседателот на друштвото „Сонце“ од Корча, Васил Стерјовски, изјави дека овој проект е значаен чекор во зачувувањето и унапредувањето на македонската традиција во Албанија.
„Со ова, македонската културна ризница добива уште посилен и подостоинствен претставник и дома, и на меѓународната сцена,“ нагласи Стерјовски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг