Connect with us

Свет

(Видео) Огромна колона тенкови на пат кон Храков

Огромна колона тенкови се движат кон границата кај Харков во Украина, јави Си-Ен-Ен.

-Во Русија и Украина падна ноќта додека украинските сили продолжуваат да го држат центарот на главниот град на Киев. Западните власти предупредуваат дека ни претстои ‘долга борба’, се наведува во извештајот на Си-Ен-Ен.

Дописникот известува дека денеска се слушале повеќе звуци на ракетни фрлачи отколку изминатите денови.

Претходно денеска, висок американски функционер рекол дека руските сили се соочуваат со досега најжестокиот отпот на нивната инвазија на северниот дел од Украина кон Киев и Харков.

Свет

Во Австралија социјалните мрежи забранети за деца под 16 години

Од полноќ по локално време, во Австралија официјално стапи на сила забраната за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Според новите правила, платформите како Инстаграм, ТикТок и Јутјуб мора да ги блокираат сметките на малолетни корисници или ќе се соочат со казни што можат да достигнат до 33 милиони долари, јавува Ројтерс.

Мерката доби силна поддршка од родителски организации и активисти за заштита на децата, кои ја сметаат за неопходен чекор за заштита на најмладите од штетни содржини и онлајн ризици. Од друга страна, технолошките компании и застапниците за слобода на говорот ја критикуваат мерката како претерано рестриктивна.

Оваа законска забрана претставува прв конкретен обид да се регулира пристапот на деца до дигиталните платформи и се смета дека може да стане модел и за други земји кои разгледуваат имплементација на слични ограничувања.

Continue Reading

Свет

Протестите на земјоделците повторно го парализираа аеродромот во Грција

Аеродромот „Н. Казанџакис“ во Ираклион повторно беше затворен поради протести на земјоделци, пчелари и рибари од регионите Ираклион, Ласити и Ретимно, јави грчката државна телевизија ЕРТ.

Поради блокадата, откажани се летовите кон и од Ираклион и Атина, а според „Катимерини“, нормализирање на авиосообраќајот се очекува најрано до 11 часот по локално време, кога Координативниот комитет ќе реши дали протестите ќе продолжат.

Демонстрациите ескалираа вчера, откако група земјоделци напладне влегоа на аеродромската писта, што доведе до прекин на сите летови до 18 часот. Грчките власти апелираат за смирување на состојбата, додека засегнатите сектори бараат итна реакција од државата за нивните економски проблеми.

Continue Reading

Свет

Нови судири меѓу Тајланд и Камбоџа долж спорната граница, загрижувачки број на жртви и раселени

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа ескалираа по должината на нивната спорна граница, додека двете земји се закануваат дека ќе го бранат својот суверенитет. Двете страни се обвинуваат за обновување на судирите, што ја прави неизвесна иднината на кревкиот прекин на огнот постигнат со посредство на Доналд Трамп во јули.

Поранешниот премиер на Камбоџа, Хун Сен, изјави дека неговата земја почекала 24 часа за да се почитува прекинот на огнот и да се овозможи евакуација, пред да започне контранапад врз тајландските сили ноќеска. Во Тајланд, воени функционери пријавија судири во пет погранични провинции, а операцијата во провинцијата Трат за протерување на камбоџанските војници се очекува наскоро да заврши. Според нив, Камбоџа користи артилерија, ракетни лансери и дронови во нападите.

„Тајланд е решен да ги брани своите суверенитет и територијален интегритет и затоа мора да се преземат воени мерки по потреба“, изјави портпаролот на министерството за одбрана Сурасант Конгсири.

Министерството за одбрана на Камбоџа, пак, ги обвини тајландските сили за „брутални и незаконски дејствија“, наведувајќи дека од вчера загинале девет цивили, а 20 се тешко повредени. Тајландските власти соопштија дека во борбите загинале тројца војници, а 29 лица се повредени. Двете земји евакуирале стотици илјади луѓе од пограничните региони.

Тензиите се зголемија откако Тајланд минатиот месец ги суспендираше мерките за деескалација, договорени на самит под надзор на Трамп, по смртта на еден тајландски војник од нагазна мина. Ова се најжестоките судири од петдневните борби во јули, кога загинаа најмалку 48 лица, а 300.000 беа раселени.

Тајланд и Камбоџа повеќе од еден век го оспоруваат суверенитетот на необележани точки долж нивната копнена граница од 817 километри.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг