Connect with us

Свет

Трамп: Путин е паметен, ги надмудри сите, нашите лидери се глупави

Published

on

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја осуди руската инвазија на Украина и рече дека се моли за Украинците, наведувајќи дека бил во право кога неодамна рекол дека Путин е паметен затоа што ги надмудрил светските лидери, пренесе Ројтерс.

-Вистинскиот проблем лежи во фактот дека нашите лидери се глупави, глупави, тие се толку глупави, рече Трамп на собирот на конзервативците во Орландо во саботата.

Трамп истакна дека има емпатија за Украинците и рече дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски е храбар човек, бидејќи останал во Киев.

-Нападот на Русија врз Украина е ужасен. Се молиме за гордиот народ на Украина, Господ нека ги благослови, рече Трамп.

Тој потсети на рускиот конфликт со Грузија, додека претседател беше Џорџ Буш, и на припојувањето на Крим кон Русија, додека на чело на САД беше Барак Обама.

-Останувам единствениот претседател во 21 век под чија стража Русија не извршила инвазија на друга земја, нагласи тој.

Свет

НАМЕСТО МИНЕРАЛИ ТРАМП МОЖЕ ДА ДОБИЕ ЈАЈЦА? Украина размислува како да ја добие поддршката на САД

Published

on

Украина ќе даде контра-предлог, но, според извори на „Вашингтон пост“, новиот предлог ќе вклучува и безбедносни гаранции за Киев. Во меѓувреме, украинскиот претседател од Минхен порача дека документот што го добил на увид бил премногу фокусиран на интересите на САД.

Висок украински функционер изјави дека раководството на земјата е подготвено да стори речиси сè за да ја задржи американската поддршка, вклучително и „масивни испораки на украински јајца“, пишува „Вашингтон пост“ во анализа за тоа што ќе се случи откако Украина  на состаноците во Минхен ѝ кажа на администрацијата на Трамп дека не може легално да пренесува минерални ресурси според предложените услови.

– Во земјата има вишок јајца, а раководството на земјата е свесно за брзиот пораст на нивната цена во САД – рекол изворот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им наредил на своите министри да не потпишуваат договор со кој на САД ќе им се овозможи пристап до вредните и ретки минерали на Украина, објаснувајќи дека документот е премногу фокусиран на интересите на САД.

– За мене е многу важна врската помеѓу некакви безбедносни гаранции и некаква инвестиција – изјави Зеленски.

Весникот пишува дека Украина истражува алтернативи за да ги добие безбедносните гаранции од САД. Еден украински функционер вели дека Киев бил шокиран од обемот на барањата.

Сепак, главниот приговор на Киев не беа овие барања, туку фактот дека договорот не содржел никакви безбедносни гаранции. Киев ќе испорача „контра предлог“ кој ќе вклучува вакви гаранции, се вели во статијата.

Еден од украинските функционери рече дека предлогот за минерални суровини пристигнал во Киев четири часа пред средбата на Зеленски со американскиот министер за финансии Бесант. На средбата министерот за финансии „инсистирал“ на итно потпишување, но Зеленски одбил. Весникот пишува дека тој самиот имал само „неколку минути“ да се запознае со договорот.

Украински функционер ја споредил оваа ситуација со начинот на кој Европејците ги поделија африканските колонии во 18 век и рекол дека тоа може да доведе до одземање на правата за развој на украинските ресурси со децении без никакви гаранции дека инвеститорите навистина ќе ги развијат.

Друг украински функционер смета дека САД се обидуваат да воспостават контрола врз ретките метали и материјали како што се литиум, графит и ураниум.

Continue Reading

Свет

Работите се менуваат? На повидок љубов помеѓу Москва и Вашингтон: “Отсега ќе разговараме на поинаков начин”

Published

on

Во меѓувреме, додека Дмитриј Песков најавува топли односи помеѓу Вашингтон и Москва, руските сили ги заострија веќе засилените борбени активности во источна Украина.

Главниот портпарол на Кремљ, Дмитриј Песков изјави во телевизиско интервју дека неодамнешните телефонски разговори помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, значат дека Москва и Вашингтон отсега ќе разговараат за мир, а не војна.

“Тие испратија силна порака дека отсега ќе се обидуваме да ги решаваме проблемите со дијалог. И отсега ќе зборуваме за мир, а не војна.

Според Песков, ставовите на Трамп треба да се прифатливи за секоја личност со здрав разум. Изјави и дека целосно недостасувала комуникација со претходната американска администрација.

Путин и Трамп во претходен телефонски повик разговараа за запирање на непријателството во Украина, билатералните односи и некои други теми. Претседателите се согласија да останат во контакт и договорија состанок лице во лице.

Во меѓувреме, Русија ги засили нападите во Украина

Руските сили ги заострија веќе засилените борбени активности во источна Украина, а главните напади биле фокусирани во близина на важенниот логистички јазол Покровск, соопшти украинската војска.

Руските трупи веќе со недели напредуваат кон Покровск во склоп на целосен продор низ регионот Доњецк во источна Украина, зазимајќи низа села.

Речиси третина од сите борби биле концентрирани во близина на Покровск. Руските сили ги напаѓаат украинските позиции од сите страни во обид целосно да ги отсечат.

Continue Reading

Свет

Ова не и се свиѓа на Европа: Откриено е кога ќе прекине војната помеѓу Русија и Украина?

Published

on

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија Кит Келог изјави дека мировниот план за Украина би можел да биде завршен за неколку дена или недели.

“Морате да ни дадете малку простор и време, но не мислам на шест месеци, туку неколку дена или недели”, изјавил тој во Минхен.

Келог изјавил дека моментално постои двоен пристап кон мировните преговори, со претставници на САД кој се во врска со Русија, и претставници на САД со Украина и сојузните нации, пренесуваат странските медиуми.

Келог напомена дека работи во името на други групи и додаде, спротивно на претходните сугестии на САД, да Украина и Европа мора да бидат дел од тие преговори.

Специјалниот пратеник додаде дека САД се уште не се подготвени да ги изнесат барањата за обезбедување на безбедносните гаранции на Украина во рамките на преговорите.

“Морате да ги поведете сојузниците со себе. Дали тие (Украина и Европа) ќе играат улога? Секако дека да. Не можете тоа да го направите без било кој”, изјави тој.

Келог потоа појаснил дека претставниците од ЕУ можеби физички нема да бидат на масата во текот на мировните преговори, но дека интересите на регионот ќе бидат земени во предвид.

“Сакаме да обезбедиме тоа да биде траен и одржлив мир”, заклучи Келог.

Европските политичари повеќе пати барале да бидат вклучени во преговорите за ситуацијата со Украина.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во четвртокот изјави дека мирното решение на конфликтот мора да ги вклучи и претставниците од Европа.

Кандидатот за канцелар од опозиционата партија Фридрих Мерц, преговорите денес ги нарече неприфатливи доколку се случат без присуство на претставници од ЕУ и Киев.

Италијанскиот министер за надворешни работи и заменик премиерот Антонио Тајани исто така изјави дека Европа не треба да игра споредна улога во моќните преговори.

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп во средата одржаа телефонски разговор кој траеше речиси час и половина.

Според зборовите на прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, лидерите разговарале за прашања кои се однесуваат на размена на државјани на двете земји, како и решавањето на ситуацијата во Украина. Тој истакна дека Вашингтон е главнната конекција со Москва, кога е во прашање прекинувањето на конфликтот.

Истовремено, после разговорот помеѓу Путин и Трамп, ниту Кремљ, ниту Белата Куќа не спомнаа било каква улога на Европа или Украина во идните преговори.

Лидерите се сложија да го продолжат личниот контакт, вклучувајќи и организирање на личен состанок.

Според зборовите на Песков, Ријад е спомнат како можна локација за состанокот помеѓу Путин и Трамп во текот на нивниот телефонски повик.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк