Connect with us

Свет

(Видео) Траорни снимки од Киев: Луѓе бегаат на сите страни, градот се евакуира со воз

Нови сателитски снимки од Maxar Technologies покажуваат огромен руски воен конвој на пат кон Киев. Конвојот, кој, според Максар, е долг повеќе од 64 километри, се движи кон главниот град на Украина од северозапад.

Си-Ен-Ен пишува дека конвојот, кој вклучува стотици тенкови, ракетна артилерија, оклопни и логистички возила, пристигнал од Белорусија, каде Русија ги акумулирала своите сили неколку недели пред инвазијата на Украина.

Претходно се шпекулираше дека конвојот е долг околу 27 километри, но сега се покажа дека станува збор за многу подолг воен конвој.

Должината на конвојот сведочи за количеството воена сила што Русите ја собраа во обид да го заземат Киев, но и за белоруската поддршка во инвазијата на Украина.

Во моментов во Киев дел од жителите се обидуваат на секаков можен начин да се евакуираат од градот. Редакцијата на Инфомакс е известена за најмалку две македонски семејства во околината на градот кои бараат од државата да бидат евакуирани.

Најчесто граѓаните се евакуираат со воз, а во моментов на железничката станица во Киев е центарот од каде граѓаните се евакуираат.

Погледнете како изгледаат овие траорни сцени во Киев.

Свет

Рускиот суд осуди поранешен британски војник на 13 години затвор поради борба на страната на Украина

Руски суд изрече казна затвор од 13 години во затвор со највисок степен на обезбедување за поранешниот британски војник Hayden Davies, поради учество во борбите на страната на Украина.


Според руските власти, Дејвис бил прогласен за виновен за платеничка активност и нелегално учество во вооружен конфликт против Русија. Судот оцени дека неговото дејствување претставува сериозно кривично дело според руското законодавство, поради што му е изречена максимално строга затворска казна.


Во исто време, објавата го нагласува и контрастот во пристапот на Москва, наведувајќи дека Русија регрутира илјадници странски борци од Куба, Африка и Азија за учество во воените операции против Украина.

Овие информации претходно беа предмет на извештаи од западни медиуми и безбедносни анализи, кои укажуваат на широка мрежа на странски регрути ангажирани од руската страна.


Случајот повторно ја отвора дебатата за третманот на странските борци во војната во Украина, како и за различните правни стандарди што ги применуваат завојуваните страни.

Велика Британија засега официјално не се огласи за пресудата, додека меѓународните организации за човекови права внимателно го следат развојот на ваквите случаи.

Continue Reading

Економија

Богатството на Маск е поголемо од државните буџети на повеќе од 180 држави во светот

Американскиот бизнисмен и технолошки визионер Илон Маск испиша нова историска страница, станувајќи првиот човек во светот чиј вкупен имот надмина 700 милијарди долари, покажуваат најновите финансиски проценки.


Само неколку дена откако го проби прагот од 600 милијарди долари, богатството на Маск продолжи да расте со рекордна брзина, поттикнато од значителниот раст на вредноста на неговите компании, пред сè Tesla, SpaceX, како и другите технолошки и инвестициски проекти под негово водство.


Финансиските аналитичари оценуваат дека ваков скок на личното богатство досега не е забележан во историјата, што го прави Маск уникатен феномен во глобалната економија. Неговата нето-вредност значително ги надминува богатствата на другите водечки милијардери, создавајќи јаз без преседан на врвот на светската листа на најбогати луѓе.


Растот на богатството доаѓа во период кога пазарите позитивно реагираат на новите технолошки развои, успешните лансирања и зголемените инвестиции во вештачка интелигенција, вселенски технологии и електрични возила – сектори во кои Маск има клучна улога.
И покрај рекордните бројки, економските експерти предупредуваат дека најголемиот дел од ова богатство е поврзано со пазарната вредност на компаниите и акциите, што значи дека може да варира во зависност од движењата на берзите.


Со ова достигнување, Илон Маск уште еднаш ја зацврсти својата позиција како најбогатиот човек во модерната историја, оставајќи силен печат врз глобалната економија и технолошкиот развој.

Continue Reading

Свет

Која е малолетната девојка од поранешна Југославија поврзана со аферата „Епстин“?

По повторното актуализирање на случајот со американскиот финансиски магнат Џефри Епстин, дел од странските и регионалните медиуми објавија информации за наводна злоупотреба на малолетно лице од поранешна Југославија, кое, според тврдењата, било жртва на трговија со луѓе.


Според објавените податоци, станува збор за сериозни обвиненија кои се темелат на сведоштва и истражувачки новинарски материјали, а кои повторно го отворија прашањето за мрежата на злоупотреби поврзани со Епстин и неговите соработници.

Надлежните институции во повеќе земји и понатаму ги анализираат наводите, додека дел од случаите остануваат предмет на правни и истражни постапки.
Идентитетот на жртвата не се објавува поради заштита на приватноста и поради чувствителноста на случајот.

Организациите за заштита на човекови права повторно апелираат на одговорно информирање и на потребата од системска борба против трговијата со луѓе и сексуалната експлоатација на деца.


Случајот „Епстин“ со години важи за еден од најконтроверзните и најкомплексните во светски рамки, со сериозни импликации за политички, бизнис и општествени кругови, а новите информации уште еднаш ја потенцираат тежината и обемот на злоупотребите кои се предмет на меѓународно внимание.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг