Путин: Западните санкции против Русија наликуваат на објава на војна

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека западните санкции против Русија се како објавување војна и ја бранеше руската инвазија на Украина, велејќи дека Москва треба да ги брани оние што зборуваат руски во источна Украина, како и нејзините интереси.

„Овие санкции што се воведуваат се слични на објавување војна, но фала богу тоа не се случи“, рече Путин.

Во коментарите емитувани на државната телевизија, лидерот на Кремљ порача дека Русија сака Украина да се „демилитаризира“ и дека треба да има неутрален воен статус.

Тој изјави и дека сè се одвива според планот во Украина и оти руската армија наскоро ќе ги исполни своите цели како дел од специјалната воена операција.