Сите за Украина, а Србија на пpoтecт со поддршка за рускиот нapoд и Пyтин (Видео)

Белграѓани пред споменикот на цар Николај на улицата Крал Милан во главниот град на Србија започнаа „протест за поддршка на рускиот народ“.

На протестот во непосредна близина на Претседателството на Србија се собраа голем број граѓани, така што улицата Крал Милан беше затворена за сообраќај.

Насобраните извикуваат пораки за поддршка на Русија, која минатиот четврток започна воена инвазија на Украина.

На учесниците на протестот од бината им се обратија претставници на екстремно десничарските организации – Дамњан Кнежевиќ од Народната патрола и Младен Обрадовиќ од Образ.

Тие порачаа дека доколку Србија по изборите воведе санкции кон Русија, двојно повеќе луѓе ќе излезат на улица од вечерва.

Обрадовиќ рече дека „Русија го ослободува целиот свет од заканите на НАТО“ и дека денеска „Путин покажа кој е најсилниот и најхрабриот државник на светот“.

Собирот започна со интонирање на химните на Србија и Русија, граѓаните носат руски и српски знамиња и извикуваат „Русија, Русија“, „Србите и Русите се браќа засекогаш“, „Предавство, предавство“ и „Вучиќ Шиптар, ти ја предаде Србија“.

Демонстрантите потоа отидоа на прошетка до руската амбасада, пренесува N1.