Connect with us

Свет

Индиски водител прегази американски „аналитичар“, го уништивте истокот со вашата колонијална политика – ако толку ви е грижа за Украина испратете војници

Published

on

Во време кога на сите очајно им треба добро смеење, ве осмелуваме да најдете подобри две минути ТВ што мора да се погледне од следниов клип на кој се гледа учтивоста на индискиот Times Now. Нема да го ви го расипеме клипот само не заборавајте да ја погледнете целата работа до крај.

Свет

(ВИДЕО) Неверојатни сцени: Како лозарите во Бургундија го спасуваат родот од мраз

Published

on

Погледнете го начинот на кој лозарите од Бургундија се борат против ниските температури.

Доцните мразови се особено штетни за земјоделските култури, па земјоделците на различни начини се обидуваат да го спасат она од кое живеат. Токму поради ова, земјоделството како бизнис под отворено небо го има еден од најопасните, скриени „непријатели“, поточно временските услови, кои колку што можат да бидат поволни, можат да наштетат и на одредени култури.

Импресивните сцени на големи маслени свеќи распоредени меѓу лозите го обиколија светот, но суштината е дека овој вид на работа е многу макотрпна. Таквите грејачи се всушност ефективни на температури до -5◦C, но не и пониски.

Continue Reading

Свет

Макрон: Потребна е силна акција доколку Русија продолжи со напади во Украина

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон  денеска ги осуди новите смртоносни напади на Русија во Украина и повика на „силни акции“ доколку Москва продолжи да „го отфрла мирот“.

Тие руски напади мора да престанат. Потребен е прекин на огнот што е можно поскоро. И силна акција доколку Русија продолжи да бара да добие време и да го отфрли мирот, напиша Макрон на социјалната мрежа Х, без да прецизира за каква акција ќе се работи.

Европејците би можеле да воведат дополнителни санкции за да го задржат притисокот врз Русија и да ја охрабрат да започне мировни преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека бројот на руски воздушни напади против неговата земја „се зголемува“ и дека притисокот врз Русија се уште е недоволен.

Конкретно, Украина бара поголеми економски санкции, кои Русија се обидува да ги ублажи.

Додека пред речиси еден месец Украина го прифати предлогот на претседателот на САД Доналд  Трамп за целосен и безусловен прекин на огнот за 30 дена и ние работиме со сите наши партнери на начини да обезбедиме мир, Русија ја продолжува војната со нов интензитет, не обрнувајќи внимание на цивилите, рече Макрон.

Continue Reading

Свет

Хорор во Лондон: Седумнаесетгодишник избоден до смрт на улица – уапсени две млади момчиња

Published

on

Лондонската полиција уапси двајца тинејџери поради сомнеж на убиство, откако 17-годишникот Кирон Чарлс беше избоден до смрт во западен Лондон.

Полицијата примила повик по инџидентот кој се случил на улица Ерконвалд во Шепардс Буш околу 13: часот и 10 минути по локално време во саботата, пренесува „Скај њуз“.

Полицајците пронашле двајца тинејџери со убодни повреди, од кои едниот починал на местото на настанот.

Другиот тинејџер (16) е пренесе во болница и потоа уапсен поради сомнеж за убиство.

Трет тинејџер, исто така на 16-годишна возраст, го напуштил местото на инцидентот и е упсен денеска во раните утрински часови поради сомнеж за убиство, соопшти меторополитен полицијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк