Connect with us

Македонија

Македонците не би смееле да војуваат во Украина – законот вели следи затвор

Published

on

Амбасадата на Украина во Скопје, викендов објави пост на Фејсбук во кој беше споделен линк со детални информации за граѓаните на Република Македонија, кои би сакале да се приклучат на Легијата на странци во Украина и да се вклучат во борбата со руските сили.

Слични објави на украинските дипломатски претставништва се споделени во поголем број на земји во светот, од каде веќе се пристигнати илјадници доброволци, но за разлика од другите земји во Македонија на граѓаните им е строго забрането да учевствуваат во воените дејствија на туѓи војски и да војуваат во други земји.

Според член 322-а од Кривичниот законик на Република Македонија, предвидена е казна затвор до пет години, за учество или обука во странска војска, полиција, во паравоени или во воени формации за нашите граѓани.

Со истиот закон се забранува и преку медиумите или социјалните мрежи, врбување или потикнување на нашите граѓани да учествуваат во странски војски, за што е определена казна до четири години затвор.

Според информации на Плусинфо, во конфликтот што во моментов се одвива во Украина, нема ниту еден македонски државјанин на двете страни. Нашите извори коментираат дека тоа се должи токму на законот, донесен во екот на граѓанската криза во Сирија, кога десетици наши граѓани се бореа на страната на Исламската држава, како и во редовите на други џихадистички организации.

Во меѓувреме испративме прашање до Владата на Репблука Македонија, дали ќе биде преземено нешто околу повикот на Украинската амбасада во Скопје, но оттаму сè уште не добивме одговор.

Македонија

Кривична пријава против тројца кочанчани, незаконски продавале хероин

Published

on

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против три лица, при претрес кај нив бил пронајден хероин, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Continue Reading

Македонија

ДЕТСКИ СОЛЗИ ЗА ТАТКОТО ХЕРОЈ: Исповед на сопругата на еден од притворените од обезбедувањето во „Пулс“!

Published

on

Кочани се уште живее во сенка на трагедијата во дискотеката „Пулс“, а болката и неверувањето се присутни на секој чекор. Во оваа тешка ситуација, семејствата на жртвите и повредените се обидуваат да најдат утеха и правда.

Но, постои уште една група луѓе чија судбина е обвиена со тага и несигурност – семејствата на притворените членови на обезбедувањето.

Нена Димитријева, сопругата на Столе Боја, еден од притворените, јавно ја изнесе својата тешка приказна. Таа раскажува за нејзините малолетни деца кои не можат да разберат каде е нивниот татко.

„Од работа се уште не е дојден? – Тато изгорел, а ти мамо не ми кажуваш, ме лажеш!“, се зборовите кои ја раскинуваат нејзината душа. Како да им објасни дека нивниот татко не е меѓу починатите, туку е зад решетки, иако таа кобна ноќ спасил безброј детски животи?

Нена со болка констатира дека Кочани е поделен. Додека едни маршираат за починатите, други протестираат за слобода на обезбедувањето.

Но, таа нагласува дека од денот на погребот, секој ден излегуваат да им оддадат почит на жртвите и повредените, барајќи праведно обвинување и судење за да се пронајдат вистинските виновници.

Таа ја опишува и ужасната состојба во која нејзиниот сопруг се вратил дома по пожарот – исцрнет, со изгорена облека, исплукувајќи крв, откако цела вечер влегувал и излегувал од дискотеката за да ги спасува децата. На крајот и самиот завршил во болница на кислородна поддршка.

Сега, во притвор, Столе секојдневно се бори со траумите. „При секоја посета ми кажува дека со секое затварање на очите ги слуша пискањата на децата, сликата се враќа пред неговите очи. Се гуши“, раскажува Нена, прашувајќи дали неговиот случај е ист како и на другите осомничени кои таа ноќ спиеле дома.

Сопругата на притворениот член на обезбедувањето апелира до совеста на државата, прашувајќи дали некој може да ја замисли неговата состојба и состојбата на другите членови на обезбедувањето кои, како што вели таа, можеле да се тргнат настрана кога избувнал пожарот, но останале до последен момент да спасуваат човечки животи.

Таа бара тие да бидат со своите деца кои сега им се најпотребни за нивната психичка состојба.

Нена Димитријева завршува со порака дека доколку нејзиниот сопруг и другите членови на обезбедувањето имаат вина според законот, тие треба да сносат одговорност, но не на ваков „неморален начин“.


Каква е неговата психичка состојба? Послем таа ноќ,затворен во 4 ѕида,кога цело Кочани е со психолошка помош ! Во каква состојба ќе дојде дома?

Се уништувам од самата помисла дека би можело и он да биде меѓу починатите или тогаш ќе беше прогласен како херој ?

Јас како сопруга на еден од обезбедувањето, морам јавно да ја кажам состојбата на мојот сопруг.

Тоа кобно утро дома пристигна плачејки,целиот исцрнет,со црни раце ,изгорена облека и патики. Исплукувајќи крв и црнило.Покриен со нечие ќебе дадено од болницата.Плачејќи и викајќи кажуваше за страшната трагедија..Плачејќи ја опишуваше трагедијата и состојбата на неговите блиски пријатели..

Како цела вечер влегувал и излегувал да ги спасува децата На крајот е однесен во болница на кислородна поддршка

При секоја посета во приворот во кој се наоѓа,ми кажува дека со секое затварање на очите ги слуша пискањата на децата , сликата се враќа пред неговите очи.Се гуши

Дали е ист случај како и другите осомничени (потписници на документи) кои таа ноќ си спиеле дома ? Дали има некој совесен во оваа држава ?

Дали некој може да ја замисли неговата состојба,состојбата и на другите членови од обезбедувањето ?
Кога избувнал пожарот,можеле да се тргнат настрана,но тие до последен момент влегувале и спасувале човечки животи

Дозволете им да бидат дома со нивните дечиња,тие им се потребни сега за нивната психичка состојба !
Ако имаат било каква вина по закон, нека сносат одговорност,тоа немора да биде на ваков неморален начин !!!

Continue Reading

Македонија

(ВИДЕО) Априлски снег вее на преминот Стража

Published

on

Од Управата за хидрометеролошки работи (УХРМ) за денеска најавија претежно облачно време со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег

По вчерашниот пролетен и претежно сончев ден, денеска делови од земјата се зафатени од снежни врнежи и студено време.

Снежните врнежи на планинскиот премин Стража / Фото: Принтскрин

Снег од утрово вее на планискиот премин Стража, за што сведочат и видеата што дел од порталите ги објавија на социјалните мрежи, а кои велат ги добиле од граѓани кои патуваат преку овој патен правец.

На видеото што го објави Порта.мк на преминот Стража се гледаат пообилни врнежи од снег, проследени со засилен ветер.

Од Управата за хидрометеролошки работи (УХРМ) за денеска најавија претежно облачно време со врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.

Денеска се очекува да биде и ветровито, а наместа ветрот ќе дува и со брзина и над 70 километри на час.

Според Управата за хидрометеоролошки работи облачното, студено и ветровито време ќе се задржи и утре на територијата на земјава, каде наместа ќе провејува слаб снег.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк