Connect with us

Македонија

„Сиромаштијата има женско лице“: Жените преку протестен марш бараат родова еднаквост

Published

on

На денешниот мирен протест пораката е дека и покрај тоа што жените се половина од популацијата во државата не уживаат еднаквост ниту на работа или дома, во политиката и социјалниот живот. Голем број од жените се невработени, недоволно заштитени, често и жртви на семејно насилство, а законите кои ги штитат вообичаено се само декларативни, велат од Платформата за родова еднаквост. Меѓу другото невладините истакнаа дека овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена но и продлабочена од двегодишната здравствена пандемија.

– Бараме усвојување на политики и мерки против ковид кој ќе ги земат предвид ранливите категории, изјави Бојана Јовановска, Хелсиншки комитет.

По повод меѓународниот ден на жената, Премиерот Димитар Ковачевски истакна без потполна родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда, а неговата лична заложба е тоа да не е само денеска.

Пандемијата нè соочи со растечка нееднаквост во многу сфери. Соочени со предизвиците, жените повторно го понесоа поголемиот товар, преземајќи на себе многукратни улоги и неплатен труд во одржувањето на домовите, образованието на децата, грижата за повозрасните истакна претседателот Пендаровски.

Денеска, со честитките по повод Меѓународниот ден на жената владините претставници порачаа дека независни и економски силни жени, со свој силен глас и мислење, со можности за слободен избор и еднаквост, се иднината на нашата држава. (МИА)

Македонија

Притвор за Крешник Бектеши, судот го прифати предлогот на Обвинителството

Published

on

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, откако судот го прифати барањето на обвинителството.

Судот на Кочан го прифати барањето на обвинителството за Бектеши да биде испратен во „краток притвор“, заедно со уште седуммина други осомничени, додека се уште се чека да се утврди во кој затвор ќе биде испратен.

48 часа притвор доби и Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Continue Reading

Македонија

Зимата се врати: Забрана за камиони на два патни правци, еве каде вее во моментов во Македонија

Published

on

Јавното претпријатие „Македонија пат“ вечерва информира дека поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и на патниот правец Маврово – Дебар.

Од 22:50 часот е воведена забраната на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци, а од 23 часот и на патниот правец Маврово – Дебар.

Continue Reading

Македонија

Горан Милевски: Во Љубљана слета авионот со македонските патници

Published

on

Вечерва во Љубљана пристигна првиот воен авион со двајца повредени пациенти од несреќата во Кочани.

Пациентите се успешно транспортирани и згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Во вакви тешки моменти, најважно е да останеме обединети и да си помагаме едни на други, информираше на социјалните мрежи амбасадорот на Македонија во Словенија, Горан Милевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк