Connect with us

Балкан

Харадинај се зaкaни: Белград ќе биде бoмбaрдирaн ако само еден српски војник стапне во Кocoво

Поранешниот косовски премиер, лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај смета дека, и покрај напнатата ситуација во светот по руската агресија на Украина, на Косово не му се заканува сериозна опасност од дестабилизација, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за ТВ Дукаѓини, Харадинај рече дека „Русија има влијание во одредени делови на Балканот, но не е воопшто присутна во Косово“.

Според поранешниот премиер, Србија не би се осмелила да ја искористи моменталната криза предизвикана од руската интервенција во Украина за некакво дејствие во северно Косово, затоа што, како што рече, „цел свет ќе знае дека (српскиот претседател, Александар) Вучиќ работи за сметка на Русија“.

„Доколку и нема можност да ја реши Русија, Западот е многу способен да најде решение за Србија, бидејќи, како што знаеме, тоа го стори и порано, во 1999 година, рече Харадинај.

Според лидерот и актуелен пратеник на опозициската ААК, Вучиќ и Србија немаат храброст да преземат нешто во косовскиот север, „поради меѓународните гаранции“ за безбедноста на Косово.

„Знам дека Американците нема да дозволат ниту еден српски војник да стапне на косовска територија. Знам дека ќе се бомбардира Белград доколку се случи такво нешто, исто како во 1999 година. Ова го знае многу добро српското раководство. Еден српски офицер ако премине на територијата на Косово, ќе се бомбардира Белград, не некоја друга територија, изјави Харадинај.

Србија, рече тој, е свесна дека за безбедноста на Косово се грижат Соединетите Американски Држави и другите меѓународни сојузници.

„Ние треба да си го сработиме тоа што е наша работа. Меѓутоа, Србија знае дека Косово е зона на одговорност на Америка, Британија и другите сојузници, порача Харадинај.

Балкан

Рама поддржува ограничување на правото на вето за новите членки на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека предложената идеја на Европската Унија за ограничување на правото на вето на новите членки на почетокот од нивното членство е „добра“. Предлогот има за цел да ги смири скептичните главни градови кон проширувањето на Унијата.

„Мислам дека е добра идеја“, изјави Рама за „Политико“ пред самитот ЕУ-Западен Балкан. Тој додаде дека несогласувањата во ЕУ се неизбежни, но дека пристапот на Албанија ќе се разликува од оној на Унгарија кога станува збор за блокирање на политиката на Унијата.

Рама потенцираше дека новите членки треба отворено да ги искажуваат своите ставови, но на крајот да се придржуваат кон колективните одлуки. Албанија се смета за еден од фаворитите за полноправно членство, со цел да стане членка на ЕУ до 2030 година.

Continue Reading

Балкан

ЕУ ја укинува блокадата кон Косово: 205 милиони евра помош наскоро достапни

Европската Унија одлучи да ги укине сите санкции против Косово до крајот на јануари 2026 година, што ќе овозможи на земјата да добие 205 милиони евра помош на почетокот на новата година. Одлуката следи по мирната транзиција на локалната власт во северните општини со мнозинство Срби.

Санкциите, кои досега предизвикаа штета од над 613 милиони евра, се однесуваа на клучни сектори како животната средина, енергетиката, дигитализацијата и културата.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, преку социјалните мрежи изрази благодарност до лидерите на ЕУ и сите партнери на Косово за признавањето на посветеноста на земјата во овие процеси.

Continue Reading

Балкан

Масовни дојави за бомби во училишта низ БиХ, учениците евакуирани

Утрово повеќе основни и средни училишта во Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина добија дојави за бомби, што доведе до прекин на наставата и итна евакуација на учениците и персоналот. Полициските екипи се на терен и преземаат мерки за проверка на заканите. Според неофицијални информации, пријавите главно биле испраќани преку електронски адреси.

Владата на Тузланскиот кантон и Министерството за образование и наука соопштија дека сите активности се спроведуваат во согласност со законските и безбедносните протоколи. „Училишните администрации и наставниот кадар дејствуваат одговорно, а безбедноста на учениците, наставниците и другите вработени е апсолутен приоритет“, велат од Владата. Учениците беа безбедно евакуирани и испратени во своите домови.

Покрај Тузла, дојави за бомби беа пријавени и во училишта во Република Српска, вклучувајќи градови како Бања Лука, Приједор, Прњавор, Лакташи, Требиње и Добој. Полицијата веднаш започна контрасаботажен преглед и обезбедување на објектите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг