Connect with us

Македонија

Медицинска сестра од хирургија со апел за помош за да си го спаси животот!

Published

on

Другари знам дека можете сите да ми помогнете да си го спасам живот?

До сега помагав на сите а сега сте ми ПОТРЕБНИ како никогаш до сега. Медицинска сестра сум на хирургија која до сега сум помогнала на многумина сега ми е потребна вашата ПОМОШ!
Пред 3 год кога е дијагностициран канцерот на свој трошок заминав за Загреб и се беше супер до пред 2 месеци, за жал се појавува повторно на обвивката на белите дробови и затоа сте ми потребни овој пат.? Спасот за мене е во Турција, за да можам да заминам за Турција ми се потребни 15.000 евра. ? – се вели во повикот на социјалните мрежи.


Телефонските броеви за донации се отворени
Телеком 143 104
А1 143 475
И жиро сметката на Весна 210501604744187
???

Македонија

Тројцата лекари од Брзата помош од Софија, Бугарија кои ги превземаа првите повредени од трагедијата во Кочани се Македонци

Published

on

Тројцата лекари од Брзата помош од Софија, Бугарија кои ги превземаа првите повредени од трагедијата во Кочани се Македонци, објави Радио Валандово на својата фејсбук страна.

Како што пренесе бугарската БТВ во емисијата посветена на трагедијата во Македонија, тројцата лекари се од Македонија.

Д-р Марија Кушевска е од Кочани, Д-р Татјана Ачова од Штип, а Д-р Костадинов од Пробиштип.

Д-р Марија Кушевска е меѓу медицинските лица од итната помош кои заминува во спасувачка мисија. Родена е и израсната во Кочани. Во трагедијата изгубила роднини и пријатели.

Додека превземала пациенти за транспорт таа отпосле дознава дека нејзиниот пациент е пријател на нејзиниот брат, а додека патувале со брзата помош за Софија во авионот на пат за Бугарија бил и нејзин прв братучед.

Во тимот на лекари кои патуваа во родната Македонија за да спасат настрадани од големиот пожар во Кочани беше и нашиот валадовчанец Д-р.Даниел Кировски, пишува Радио Валандово.

Continue Reading

Македонија

Уште шест млади кои биле во клубот во Кочани од вчера хоспитализирани на Токсикологија

Published

on

Уште шест млади лица кои во саботата биле во клубот во Кочани вчера се хоспитализирани на Токсикологија. Неколку дена по трагедијата почувствувале отежнато дишење и болки во градите од вдишаниот чад.

Министерот за здравство информираше дека нивната состојба е стабилна, но викендот ќе останат под лекарски надзор на Клиниката. Со последните приеми бројката на повредени во големата трагедија надмина 200, а 59 загинаа.

„Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе“, вели Омерагиќ, цитиран од ФФМ.

Тој најави дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.

„Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат. Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена“, додаде Омерагиќ.

Continue Reading

Македонија

Херојот Јован Костадинов за неколку дена ќе биде пуштен од болница: Она што го видел не може да се опише со зборови, па ќе му треба време додека да може да зборува за целата трагедија

Published

on

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без размислување неколку пати влегол во големиот пожар во Кочани и успеал да спаси повеќе од 20 деца, за 24Инфо вели дека е во добра здравствена состојба. Се уште се наоѓа на скопските клиники, но очекува за неколку дена да биде пуштен на домашно лекување.

Вели она што го видел не може да се опише со зборови, па ќе му треба време додека да може да зборува за целата трагедија.

Ги гледаш другарите и другарките како умираат во раце, а не можеш ништо да направиш, ги вадиш само од чадот…

Според очевидците тој за среќа брзо размислувал и откако претходно ја натопил маицата со вода, ја ставил на лицето да се заштити од огнот и тргнал во херојскиот подвиг.

Граѓаните веќе бараат тој и да биде одликуван од државава за својот херојски чин!

Извор: 24инфо

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк