Министерот се пофали на Фејсбук: Украинка се породи во Чаир

Министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил сподели фотографии од Оксана, Украинка која на свет донесе здраво девојче токму во гинекологија Чаир.

-Убави вести ни доаѓаат од гинекологија во Чаир, Оксана од Украина на свет донесе девојче, тешко 3.890 кг и долго 54 см. Оксана и новороденчето се во добра состојба, тимот од гинеколози, педијатри и медицинските сестри се грижат за нив и тие се во сигурни раце. Во разговорот со Оксана, таа ме информираше дека е задоволна од здравствената услуга и дека одлично се чувствува.И посакав добро здравје и многу среќни моменти, напиша Беким Сали.