Околу 50 организации за верска слобода и човекови права ширум светот побараа од бугарскиот премиер Кирил Петков да се извини за протерувањето на 98 отсто од македонската еврејска заедница од тогашното Кралство Бугарија.
Поранешниот почесен конзул на Израел Виктор Мизрахи изјави дека нема причина Бугарите да се поклонуваат пред спомениците на оние кои ги испратија Евреите во овој логор, но очекува Бугарија да го прифати ова како и многу други земји.
„Не очекуваме ништо, мртвите не можат да се вратат, освен да се покаже почит кон оние кои беа испратени во логорот на смртта Треблинка, но со жалење можам да кажам дека во демократска Бугарија сè уште нема подготвеност за тоа, не зборувам за бугарскиот народ но за тогашната бугарска влада. Тоа е причината демократска Бугарија да се поклонува пред спомениците, пред пепелта на тие што ги испратија во Треблинка“, истакна Виктор Мизрахи.
