Connect with us

Македонија

По четири години затвор за краеторите на Јавна соба

Published

on

Кривичниот суд ги осуди на по четири години затвор креаторот и администраторот на „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која се споделуваа секстички содржини. Судот утврди вина кај Дарко Костовски и Михаил Паневски за стореното кривично дело „Поризводство и диструбуција на детска порнографија“. Во групата „Јавна соба“ било споделено и порнографско видео од дете на возраст меѓу 3 и 4 години од непознат член на групата, а двајцата сега осудени не го спречиле ширењето на видеото.

„Судот ги имаше предвид сите околности од член 39 од Кривичниот законик, па како отежнувачки околности ја ценеше општествената опасност од извршувањето на ваков вид на кривични дело, јачината на загрозувањето или повредата на заштитеното добро, правата на децата, нивниот правен развој, заштитата од сексуални злоупотреби и почитувањето на достоинството на децата, односно правилниот развој, заштитата од сексуални злоупотреби на младата популација“, рече Билјана Коцевска, судијка.

Адвокатите најавија жалба за пресудата која инаку е најниска казна за вакво кривично дело – „Производство и диструбуција на детска пронографија“.

„Ние очекувавме ослободителна пресуда и од тие причини отккао ќе ја добиеме пресудата на судот, сигурно ќе вложиме жалба. Очекуваме дека Апеалциониот суд ќе ја укине“, рече Петро Јануара, адвокат на Дарко Костовски.

„Со оглед на фактот дека ние за цело време тврдевме дека обвинетот не го сторил предметното кривично дело и дека за цело време алудиравме на тоа дека нема докази коишто алудираат на тоа, стои законското право поднесме жалба на оваа пресуда“, рече Иванка Јакимовска, адвокатка на Михаил Паневски.

Јавноста пред две години беше шокирана од виралното споделување на сексистички содржини меѓу членовите на групата од девојки и малолетни девојчиња пропратени со недолични и навредувачки коментари. По ова, се најави ново кривично дело – „демнење“, кое носи казна затвор до пет години. Законското решение е во собраниска процедура.

Македонија

ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ И ЖЕНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА Службено возило на МВР удри во „опел корса“ кај Пониква

Published

on

policija

Денеска во 10:06 часот, на регионалниот пат Зрновци – Пониква, се случила сообраќајна незгода во која учествувале службено возило „дефендер“ сопственост на Министерството за внатрешни работи (МВР) и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот А.Б. од Скопје.

Во несреќата повредени се сопатниците од „опел корса“ – жена со иницијали Е.С.Б. и четиригодишно дете, и двајцата од Скопје. Повредите биле пријавени како телесни, но степенот на сериозност сè уште не е прецизиран.

„На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и екипа од полициската станица Кочани, во присуство на претставник од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од полицијата.

Полицијата ги истражува околностите кои довеле до судирот, а повеќе информации се очекуваат во наредните денови.

Continue Reading

Македонија

ФОТОГРАФИИ ОД ЛУКСУЗНОТО БМВ ПРЕТВОРЕНО ВО „ИСКУБАНА КОКОШКА“ Еве како изгледа руинираното возило од Министерството на Артан Груби

Published

on

Министерот Стoилковиќ рече дека е згрозен од неодговорното управување со ресурсите на Министерството, нагласувајќи дека штетата врз овој луксузен автомобил е само еден пример за системските злоупотреби.

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стoилковиќ, откри нови злоупотреби со имотот на Министерството, посочувајќи дека службено возило БМВ вредно 60 илјади евра било пронајдено во катастрофална состојба во сервис за поправка.

– Возилото, кое било предадено на сервис, сега личи на ‘искубана кокошка’. Делови од него, вклучително и вратите, се извадени и користени за други потреби на сервисот. Министерството за внатрешни работи е веќе вклучено во истрагата, но нема записници за предавањето на возилото. Сведоците тврдат дека автомобилот бил предаден во совршена состојба – изјави Стoилковиќ.

Министерот рече дека е згрозен од неодговорното управување со ресурсите на Министерството, нагласувајќи дека штетата врз овој луксузен автомобил е само еден пример за системските злоупотреби.

– Сервисот очигледно го користел автомобилот за свои потреби. Истрагата ќе покаже какви злоупотреби се направени – додаде тој, истакнувајќи дека јавноста ќе може да процени откако ќе ги види фотографиите од оштетеното возило.

Continue Reading

Македонија

Казни и забрани за работа поради алкохол за малолетници

Published

on

Државниот пазарен инспекторат (ДЗИ) најави дека во наредниот период ќе спроведува засилени контроли на терен во согласност со Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење. Контролите ќе бидат спроведувани во координација со Министерството за внатрешни работи, и тоа низ цела територија на државата, со акцент на спречување на послужување алкохол на малолетни лица.

„Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како послужуваат алкохол на малолетни лица се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец. Апелираме до угостителите да постапуваат во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за угостителска дејност, по кој се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол! Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува!“, наведуваат од ДЗИ.

Од Државниот пазарен инспекторат истакнувата и дека заедно со останатите надлежни институции и понатаму ќе продоли да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата поврзани со послужување алкохол на малолетници.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк