По четири години затвор за краеторите на Јавна соба

Кривичниот суд ги осуди на по четири години затвор креаторот и администраторот на „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која се споделуваа секстички содржини. Судот утврди вина кај Дарко Костовски и Михаил Паневски за стореното кривично дело „Поризводство и диструбуција на детска порнографија“. Во групата „Јавна соба“ било споделено и порнографско видео од дете на возраст меѓу 3 и 4 години од непознат член на групата, а двајцата сега осудени не го спречиле ширењето на видеото.

„Судот ги имаше предвид сите околности од член 39 од Кривичниот законик, па како отежнувачки околности ја ценеше општествената опасност од извршувањето на ваков вид на кривични дело, јачината на загрозувањето или повредата на заштитеното добро, правата на децата, нивниот правен развој, заштитата од сексуални злоупотреби и почитувањето на достоинството на децата, односно правилниот развој, заштитата од сексуални злоупотреби на младата популација“, рече Билјана Коцевска, судијка.

Адвокатите најавија жалба за пресудата која инаку е најниска казна за вакво кривично дело – „Производство и диструбуција на детска пронографија“.

„Ние очекувавме ослободителна пресуда и од тие причини отккао ќе ја добиеме пресудата на судот, сигурно ќе вложиме жалба. Очекуваме дека Апеалциониот суд ќе ја укине“, рече Петро Јануара, адвокат на Дарко Костовски.

„Со оглед на фактот дека ние за цело време тврдевме дека обвинетот не го сторил предметното кривично дело и дека за цело време алудиравме на тоа дека нема докази коишто алудираат на тоа, стои законското право поднесме жалба на оваа пресуда“, рече Иванка Јакимовска, адвокатка на Михаил Паневски.

Јавноста пред две години беше шокирана од виралното споделување на сексистички содржини меѓу членовите на групата од девојки и малолетни девојчиња пропратени со недолични и навредувачки коментари. По ова, се најави ново кривично дело – „демнење“, кое носи казна затвор до пет години. Законското решение е во собраниска процедура.