(Видео) Ни се заканува тешка криза: Макрон предупредува за катастрофално сценарио во ка наредните 12 до 18 месеци

На крајот на европскиот самит во Версај вчера, францускиот претседател предупреди на претстојните прехранбени „нестабилности“ во Европа и Африка.

Мораме да ги преиспитаме нашите производствени стратегии за да го одбраниме нашиот суверенитет на храна и протеини како Европејци, но исто така да ја преоцениме стратегијата кон Африка, без која неколку земји во Африка ќе бидат погодени од глад во следните 12 до 18 месеци“.

Изборот на Русија, на претседателот (Владимир) Путин, беше да ја врати војната во Европа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон вети дека ќе понуди економска и хуманитарна поддршка за Украина.

– Франција ќе го земе своето учество, се надевам дека механизмите за солидарност ќе можат да се воспостават, наведе Макрон.