Connect with us

Македонија

Левица ќе ги оспори двојазичните униформи пред Уставен суд

За време на економска и енергетска криза, Владата на СДСМ и ДУИ својата неспособност ќе ја прикрива со решавање на непостоечки прашања во општеството, кои водат кон разнебитување на унитарниот карактер на државата, велат од Левица, додавајќи дека затоа тие како партија ќе ја оспорат неуставната владина Уредба за униформата и ознаките на Униформата на полицијата пред Уставниот суд.

Скандалозната Уредба е спротивна на амандманот V од Уставот, согласно кој службен јазик на целата територија е македонскиот јазик и неговото писмо. Следствено на тоа, оваа Уредба е спротивна и на Законот за полиција согласно кој, полицијата ја врши унифицирано својата работа на целата територија на државата. Притоа, веќе постои Правилник со кој се уредуваат ознаките на униформата и согласно кој, истите се идентични на целата територија на државата и истите не може да се разликуваат во зависност од општините каде се извршува работата, велат од Левица.

Потсетуваат дека во изминатите две години, македонското население доживеа низа човечки трагедии, како последица на коруптивните кадри на оваа владејачка коалиција.

СДСМ покажува дека нивниот фокус не е веќе на добивање на следните избори, туку задржување на овој мандат по секоја цена, додека ДУИ ја користи нестабилноста на мнозинството за да обезбеди политички поени. Сепак, ова нема да ја спречи владината коалиција да ја закити оваа против-уставна Уредба со невистинити квалитети за инклузивност и прогресивност. Зад овие флоскули стојат регресивни мотиви и желби. Политичката и општествена застапеност на албанската заедница е остварена и одамна на оптимално ниво, но, таа улога многу долго ја врши истата криминална партија, која непрестано покажува дека не ги штити интересите на албанските жители, туку исклучиво работи на зголемување на расцепот во нашето општество.
Прогресивната политика подразбира хомогенизација на чувството на припадност и надминување на потребата за етно-трибалистичко етикетирање на сите аспекти од општествениот живот. Под идејата за инклузивност тлеат вистински апетити за ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА и конечна формална поделба на политичкиот плен. На крајот на оваа цел, стојат многу поголеми предизвици за инклузија, кои допрва ќе треба да ги решаваме, бидејќи сегашните власти активно работат на разнебитување на заедничките врски. Од највисоко значење е запирање на овие процеси, затоа што македонската државност е загрозена од сите страни – во внатрешната и во надворешната политика, и потребно е да се застане во одбрана на принципите кои ни го сочинуваат суверенитетот, велат од Левица.

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.

Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.

Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг