Маркетите на „КАМ“ казнети затоа што давале зејтин подарок за сметка над 800 денари

Три маркети на „КАМ“ добија казна од 12.000 евра за фирмата и 3.600 евра за одговорното лице од Пазарната инспекција, откако зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка од 800 денари, пренесува „А1он“. Ова доаѓа по објавата на порталот за маркетите каде вработените ја спроведуваа оваа одлука на раководството.

Директорката Анета Симеска-Димоска кажа дека ова е нечесно пазарно однесување.

-Кај еден субјект имаме прекршочни платни налози за нечесно пазарно однесување – имаше масло во магацин, а не на рафт. Има и прекршочни платни налози каде по Закон за заштита на потрошувачи кој се однесува на условување на купување на едни производи или други производи, што е казниво. Казната е 4.000 евра за правното и 1.200 евра за одговорното лице. Станува збор за еден троговец кој има повеќе маркети, утврдено е во неколку градови, кажа директорката Симеска-Димоска како резултат од инспекцискиот надзор.

Во вторникот инспекторите направиле прверка во неколку маркети на КАМ.