Connect with us

Македонија

Боки 13: Ова се човечки животи, не кило патлиџани. Не сум паднал од Марс, имаме пари, ете дури и во затвор сум скоцкан

Бојан Јовановски денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје во својот завршен збор се пофали дека отсекогаш и за секаде бил среден и скоцкан, како и дека и денес, кога е спроведен од затвор е повторно среден. Пред Судот укажуваше дека неговата фамилија била ситуирана и никогаш не била без пари, и дека тоа што се облекувал побогато од другите секогаш му било проблем, дури и кога бил дете. Посочи дека не измамил ниту еден бизнисмен, ниту политичар, туку како што рече, тие го користеле и го измамиле него. 

„Јас сум дете кое потекнува од нормално ситуирано семејство и ние никогаш не сме биле без пари. Гледате, доаѓам од затвор, па пак сум скоцкан. Сум работел од 14 години. Сум се издвојувал секогаш од сите и тоа секогаш било проблем. Ама ете, сега некој ми го зема тоа за зло. Сум имал концерти, свое шоу како и естраден дел во Србија. Една ме навредуваа, други ме сакаа. Секогаш сум имал проблеми, но не до толку високо ниво, да се најдам пред суд. Немојте да мислите дека јас сум паднал од Марс и така сум земал пари и дека претходно сум немал. Не е точно, моите отсекогаш имале пари”, рече во завршен збор пред судот Јовановки.

Тој побара од судот да донесе ослободителна пресуда за него.

„Судот да донесе ослободителна пресуда за мене за обвинението и апелирам и го молам судот на законита пресуда бидејќи не треба да се суди мојот лик и дело, туку доказите. А и мојот лик и дело не се така црни и погледнете ја и мојата добра страна, бидејќи сум придонел за општо добро на ова општество. Комплетно се чувствувам невин”, додаде Јовановски.

Беше неколку пати опоменат од судиите дека треба да се држи до доказите, а не да дава одбрана. На ова Јовановски укажа дека во судскиот процес за „Меѓународен сојуз” се работи за човечки животи, а не „за кило патлиџани”.

За комуникацијата со обвинетата Фросина Ременски, Јовановски рече дека си помагале, но не за кривично-правни настани, туку пријателски. 

 За договорите кои биле потпишувани, а кои се дел од случајот, Јовановски рече дека биле образложувани до детали и никој не бил присилен, измамен или изманипулиран, туку напротив, потпишувачите биле во позиција од која многу лесно можеле да проверат дали станува збор за измама или не. 

„До толку ли јас можам да сум шармантен, па да ги измамам сите. Да, паметен сум и им благодарам на моите родители за тоа. Јас не го злупотребив Зоран Заев, туку тој ме злоупотреби мене“, рече пред судот Јовановски. 

Обвинетиот посочи и дека двајцата бизнисмени имале поинтензивна комуникација со власта на СДСМ отколку тој лично, па лесно можеле да дојдат во информации дека се измамени.

„Верувајте дека провериле неколку пати пред да ги потпишат договорите”, рече Јовановски.

Тој потсети дека Силјан Мицевски претходно бил градоначалник од редовите на СДСМ, а Адријан Амзоски е во роднински врски со Фијат Цановски, кој е коалициски партнер на социјалдемократите.

Ако биле измамени, рече Јовановски, тогаш зошто не пријавиле туку тоа го направија откако бил уапсен во „Рекет”.

„Тоа го направија поради силна пресија, агресивна пропаганда, поради најдиректно инволвираност и влијание на извршната власт, конкретно од УЈП, која додека тие даваа исказ кај Вилма Русковска, УЈП им влегува”, додаде Јовановски.

Пресудата за овој случај е закажана за 7 април. 

Ова ќе биде втора пресуда за Боки 13. Тој е веше во затворот во Идризово каде ја издржува 9 годишната затворска казна за случајот „Рекет“. 

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари”‘. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”.

Македонија

Се што треба да знаете за „Safe City“

Казнувањето на сообраќајните прекршоци преку системот „Безбеден град“ официјално ќе започне на 1 февруари, наместо на првично најавениот датум 1 јануари. Одложувањето е потврдено за ТВ21 од помошник-заменик министерот во МВР, Мухамет Исмаили, кој објасни дека причина за пролонгирањето е потребата од дополнителни технички проверки и усогласување на правните процедури.

„Од 01.02.2026 системот SafeCity целосно ќе биде ставен во функција во Скопје, Куманово и Тетово, како и на Коридорите 10 и 8, додека во другите градови се предвидува да започне во текот на 2026 година“, изјави Исмаили.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат и можност за одредена толеранција кај ограничувањата на брзината. „Треба да ги почитуваме ограничувањата – 50 км/ч за урбани подрачја значи 50 км/ч. Секако дека и ние ќе внимаваме, исто како што прават и сите европски градови каде што имаат свои параметри за толеранција – таква толеранција ќе има и кај нас“, изјави Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје.

Системот „Безбеден град“ ќе работи со фиксни камери кои ќе регистрираат пречекорување на брзината, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и други прекршоци. Дополнително, специјализирани полициски возила ќе идентификуваат неправилно паркирање и останати нарушувања на сообраќајните правила.

Целта на новиот систем е до 2030 година да се преполови бројот на сообраќајни несреќи во државата.

Continue Reading

Македонија

Витаминка со Стоби Флипс и купувачите донираат 1.000.000 денари за СОС Детско село

Кампањата „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ што Витаминка ја реализираше преку Стоби Флипс, успешно заврши и резултираше со донација од 1.000.000 денари за СОС Детско село. Средствата ќе бидат искористени за Советувалиште за психолошка поддршка и специјална едукација со рехабилитација на СОС Детско село. Благодарение на поддршката од граѓаните за акцијата со која од секој купен Стоби Флипс се издвојуваше дел, со собраните средства ќе се овозможи континуирана експертска едукација за шеесет деца и млади на возраст од 6 до 18 години кои растат без родителска грижа и се соочуваат со последици од трауматски искуства, емоционални и развојни предизвици, како и различни когнитивни потешкотии.

Средствата ќе бидат насочени кон проектот „Менталното здравје пред сè“, преку кој децата ќе добијат индивидуални сесии со психолози и специјални едукатори, како и терапевтски третмани во сензорна соба за оние кои имаат потреба од дополнителна поддршка во емоционалниот и когнитивниот развој. Овие услуги се од суштинско значење за нивното зајакнување, подобро справување со кризи и градење основа за здрав личен раст.

Од СОС Детско село Македонија истакнуваат дека поддршката е од огромно значење за континуитетот на нивната мисија. „Од срце им благодариме на Витаминка и на сите граѓани кои ја поддржаа кампањата. Витаминка уште еднаш покажа што значи вистинска општествена одговорност и посветеност кон децата. Благодарение на ова партнерство, можеме непречено да продолжиме да обезбедуваме стручна грижа и поддршка за секое дете, со верба во нивната подобра иднина,“ велат од организацијата.

За што поуспешно спроведување на кампањата за Стоби Флипс беше изработена и специјална амбалажа со што купувачите беа информирани за своето учество во донацијата и придонесе за подигнување на јавната свест и обезбедување поголема поддршка за децата без родителска грижа.

Од Витаминка додаваат дека се горди што кампањата успеала да ја мобилизира јавноста и да создаде реална промена. „Нашата цел беше да потсетиме дека секој мал гест на солидарност може да донесе голема разлика. Благодарни сме што потрошувачите ја препознаа важноста на оваа приказна и ни помогнаа заедно да донесеме надеж, грижа и поддршка таму каде што е најпотребно“, истакна Симона Симоновска, одговорна за маркетинг во Витаминка.

Со оваа кампања, Витаминка и Стоби Флипс уште еднаш ја потврдуваат својата посветеност кон најмладите и даваат силен пример за тоа како компаниите, заедно со граѓаните, можат да создадат поподобно, похумано и посреќно општество за секое дете.

Continue Reading

Македонија

Рекордна година за Скопје – аеродромот со 3 милиони патници, растот продолжува до 3,2 милиони

Меѓународниот аеродром Скопје денес го дочека својот тримилионити патник во една календарска година. Среќничката, Милена Таскова, беше изненадена на нејзиниот лет Скопје – Бари.

Раководството на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, приредија емотивно изненадување за госпоѓа Таскова.

Милена Таскова беше облеана во подароци: бесплатни аеродромски услуги од сестринските компании на ТАВ и два бесплатни авионски билета од авиокомпанијата Виз Ер (Wizz Air).

Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија, не ја криеше својата возбуда:

„Го достигнавме тримилионитиот патник во една година! Првпат лета за Бари, и посакав среќа на неа и нејзиното семејство.“

Курт најави дека ова е само почеток. Според оптимистичките прогнози на ТАВ, Скопскиот аеродром до крајот на годината ќе заврши со 3,2 милиони патници, додека аеродромот во Охрид се очекува да достигне 262.000 патници.

Овој успех не само што го потврдува растот на авиосообраќајот во земјата, туку и ја зацврстува позицијата на Скопје како значаен регионален воздушен центар.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг