Connect with us

Македонија

И ПОГРЕБИТЕ И ВЕНЧАВКИТЕ СЕ ПОСКАПЕНИ: Црковните услуги со повисоки цени, еве го новиот ценовник

Published

on

 И црквата ги покачи цените за црковните услуги. Според новиот таксеник на Преспанско-пелагониската епархија најскапи се венчавките и погребите. За венчавка црквата наплаќа 7.700 денари, а погреб чини од 3.000 до 5.000 денари, во зависност дали е со 1 или со 3 свештеници.

Крштевката е 3.800 денари, а цените на другите црковни треби како парастоси, задушница, водосвет се од 200 до 2.000 денари, објави Телма.

Новиот таксеник во црквите на Преспанско-пелагониската епархија е со важност од февруари годинава, а цените се покачени од 50 до 500 денари во зависност од услугата.

Дел од битолчани велат дека цените се превисоки.

Македонија

Детална временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија во следнава недела

Published

on

Во текот на новата седмица која што ни следува од утре (понеделник 14 април) па се до (недела 20 април) под влијание на топла воздушна маса од југ ќе имаме релативно високи пролетни температури на воздухот, кои на многу места ќе се искачуваат близу или околу 20 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до околу 25 степени.

Во Скопје и околината температурата за време на овој период ќе надминува 20 степени.

Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, кој повремено ќе биде и засилен на интензитет.

Сепак, и покрај ова, поради циклон со центар над Џеновскиот Залив, времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со малку пообилен интензитет. И во Скопје и околината времето ќе биде променливо и со услови за повремен локален дожд.

Да напоменам дека, ниски минусни утрински температури не очекувам, па така не постои никаква опасност од појава на нови мразеви.

Метео прогноза на Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Истрага за “Пулс” во Кочани: Случајот проширен со нови 19 лица и кривични пријави

Published

on

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се очекува денеска на прес-конференција да изнесат повеќе детали во врска со проширената истрага за пожарот во дискотеката во Кочани, за конкретните мерки што се предлагаат и за својството на секој осомничен во предметот за пожарот во Кочани.

Наредба за проширување на истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со нови 19 лица донесе Основното јавно обвинителство Кочани. Сите се осомничени за „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, соопшти синоќа Државното обвинителство. МВР информираше дека во координација со кочанското Обвинителство, против 19-те лица е поднесена кривична пријава.

ЈОРСМ соопшти дека станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година до 16 март 2025 година „заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи размери“.

-Меѓу новите осомничени се овластени градежни инспектори во Општина Кочани, директори и генерален инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, министри за економија, државни секретари и други службени лица од тоа Министерство, како и инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Постојат сомненија дека нивните незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабаре Клуб Пулс во Кочани од самиот почеток во подолг временски период, па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот. Како резултат на тоа, при користење на пиротехнички средства на 16 март 2025 година, за време на настапот на музичката група ДНК, бил предизвикан пожар во кој настапила смрт на 61 лице меѓу кои шест деца, а биле повредени уште 197 лица од кои 25 деца, информира ЈОРСМ.

Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд во Кочани, синоќа достави предлози за определување соодветни мерки за обезбедување на присуството на секој од новоосомничените.

-Со ова, до овој момент, кочанското обвинителство во врска со пожарот поведе истрага против вкупно 45 физички и три правни лица. Еден од нив, по отворањето на истрагата почина како последица на повредите здобиени во пожарот и од тие причини, по целосно прибавување на медицинската документација, постапката за него ќе биде запрена, се наведува во вечерашното соопштение на државното Јавно обвинителство.

Со три полициски возила и придружба во Основното јавно обвинителство во Кочани синоќа околу 21:30 часот беа донесени првите неколкумина осомничени од проширената истрага за пожарот во дискотеката „Пулс“. Половина час претходно во Обвинителството пристигна и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој не даде изјава за медиумите, но нагласи дека на прес конференција денеска ќе ги соопшти деталите.

Continue Reading

Македонија

Македонските генијалци со тројна победа во роботика на Крит

Published

on

Македонски успех на Олимпијада за роботски спортови – освоени првото, второто и третото место!

Со огромна гордост можам да споделам дека македонски ученици од СТЕМ Академијата се враќаат со злато, сребро и бронза од глобалната Олимпијада за натпревар во роботски спортови, која се одржува на грчкиот остров Крит. Нашите тимови се натпреваруваа во категоријата „петобој арена“, каде самонаведувачки робот треба да изврши низа задачи во рок од четири минути – и беа апсолутно најдобри!

Марко Ангелов, Стефан Марковски, Павел Попоски, Андреј Крстев, Јаков Петков, Анастасија Дудеска и Неда Бошковска – ученици на возраст од 13 до 18 години – се натпреваруваа поделени во тимовите Space Walkers, Space Walkers Jr и Space Walkers Girls, под менторство на двајца едукатори-тренери. Сите три тима се враќаат со медали, освојувајќи ги првите три места во својата категорија!

Пред натпреварот, учениците изјавија дека „петобој арена“ е најпредизвикувачката дисциплина, со оглед на тоа што од роботот се бара брзина, прецизност и самостојно носење одлуки – а тие покажаа дека знаат како да се справат со сето тоа.

Оваа интернационална Олимпијада, која трае до 14 април, е едно од најголемите случувања во светот на образовната роботика – учествуваат повеќе од 1.800 тимови од 50 земји.

Минатиот викенд, дел од овие ученици веќе покажаа дека се сериозни играчи и на Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина, од каде што се вратија со дури пет награди. Таму, деца на возраст од осум до 12 години, поделени во пет различни тима, се натпреваруваа во две категории, решавајќи задачи поврзани со преживување на Марс – и тоа преку роботика со лего коцки.

Овие млади генијалци навистина ни покажуваат дека иднината на науката и технологијата во Македонија е во сигурни раце. 👏

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк