Connect with us

Македонија

За Македонија во Порто се навива од срце! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Published

on

Огромен број македонски навивачи се веќе во Порто. Вечерва ќе навиваат за нашите фудбалски херои од кои очекуваме пласман на Светското првенство.

На светот, се чини, нема други вакви навивачи. Сплотени, веејќи македонски знамиња и пеејќи македонски песни, навивачите вечерва ќе бидат најсилната поддршка за фудбалерите.

Македонската фудбалска репрезентација денеска против селекцијата на Португалија со почеток во 20:45 на стадионот „Драгао“ ќе го одигра одлучувачкиот натпревар за пласман на Светско првенство.

Стадионот во Порто ќе биде исполнет до последното столче, а поддршка нашите репрезентативци ќе имаат од околу 1.500 навивачи на трибините, кои се веќе пристигнати во португалскиот град. Таму веќе владее вистинска навивачка еуфорија.

ФОТОГРАФИИТЕ СЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА КУРИР.МК

Македонија

„АУДИ“ ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ Возачот се здобил со тешки повреди

Published

on

Возило „ауди“ синоќа излетало од магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот.

„Вчера во 02.31 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани, патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од О.В.(25) од Македонска Каменица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево“, се вели во полицискиот билтен.

Continue Reading

Македонија

НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈА ВО ФУДБАЛОТ Омерагиќ едногласно избран за нов претседател на ФФМ

Published

on

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска на вонредно собрание во Скопје со акламација го избра Масар Омерагиќ за нов претседател.

Успешен стопанственик и поранешен фудбалер на Вардар и шампионската генерација на Слога Југомагнат, Омерагиќ беше единствен кандидат на вонредното изборно собрание кое се одржа во Скопје.

– Јас сум човек од фудбалот, еден од вас и знам во која насока треба да го развиваме македонскиот фудбал. Како и во фудбалот, ова е тимска работа, во која треба многу трчање и многу пот за да се постигнат целите. Со работа започнуваме веќе од утре. Имам неколку клучни точки кои ќе ги применам во мојот мандат и пред сè враќање на легендите во структурите на македонскиот фудбал – изјави Омерагиќ, најавувајќи притоа нулта толеранција за корупција во фудбалот.

Изборот на Омерагиќ на вонредното собрание преку свои претставници му го честитаа УЕФА и ФИФА, посакувајќи успеси на македонскиот клупски и репрезентативен фудбал во годините кои доаѓаат.

Изборот на Омерагиќ уследи по оставката која неговиот претходник на должноста Муамед Сејдини ја поднесе на средината од ноември, четири месеци пред да му истече вториот мандат на чело на македонскиот фудбал.

Омерагиќ е седмиот претседател на ФФМ, по Алексо Кипровски, Љубисав Иванов, Ламбе Арнаудов, Харалампие Хаџи – Ристески, Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини.

Continue Reading

Македонија

Made in Macedonia – Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци

Published

on

,,За почисто Кавадарци“ и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин Машинс на БРАКО и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е што одржувањето и сервисирањето го обезбедува самиот производител кој се наоѓа во Велес.

Директорот на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, при предавањето на возилата на комуналното претпријатие во Кавадарци, се заблагодари на довербата на градот, и потенцираше дека иако Грин Машинс продава во 50 држави низ целиот свет и дека годинава само во еден голем светски град се продадени 40 возила, сепак овие три возила во Кавадарци и значат многу на компанијата и на нејзините вработени затоа што ќе работат и ќе чистат дома, во Македонија.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека општината секогаш вложува во модерни решенија за подобри услуги за граѓаните и дека е прва општина по главниот град која во 2018г започна со машинско метење на градските улици.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк