За Македонија во Порто се навива од срце! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Огромен број македонски навивачи се веќе во Порто. Вечерва ќе навиваат за нашите фудбалски херои од кои очекуваме пласман на Светското првенство.

На светот, се чини, нема други вакви навивачи. Сплотени, веејќи македонски знамиња и пеејќи македонски песни, навивачите вечерва ќе бидат најсилната поддршка за фудбалерите.

Македонската фудбалска репрезентација денеска против селекцијата на Португалија со почеток во 20:45 на стадионот „Драгао“ ќе го одигра одлучувачкиот натпревар за пласман на Светско првенство.

Стадионот во Порто ќе биде исполнет до последното столче, а поддршка нашите репрезентативци ќе имаат од околу 1.500 навивачи на трибините, кои се веќе пристигнати во португалскиот град. Таму веќе владее вистинска навивачка еуфорија.

ФОТОГРАФИИТЕ СЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА КУРИР.МК