Connect with us

Македонија

Апасиев до МПЦ: Ќе бекнете ли за вештачкото спуштање на православните под еден милион?

Published

on

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на својот Фејсбук се огласи по однос на резултатите од пописот истакнувајќи го вештачкото намалување на православното население во Македонија под еден милион жители.

Тој запраша дали МПЦ планира да се огласи по однос на овој проблем или со корупција се замолчени.

-А МПЦ ќе бекне ли за 20-те подвидови “христијани”, со цел православните да ги спуштат вештачки под еден милион!?

Или, со зградуријата кај “Холидеј Ин” им го затнаа устичето. Дедо Стефане, се слушаме?

#ТешкоВамФарисеи

#ПородиЗмиини, пишува на Фејсбук Апасиев.

Македонија

Синот на херојот Кире Костадиновски, по цели 24 години, стапна на светата земја кај Вејце – местото каде што неговиот татко го даде својот живот за Македонија

Published

on

По 24 години, Кико го прегрна местото на татковата последна битка

Со тешко срце и солзи што не можеа да се задржат, синот на херојот Кире Костадиновски, по цели 24 години, стапна на светата земја кај Вејце – местото каде што неговиот татко го даде својот живот за Македонија.

„Гордеј се Кристијан со твојот татко кој е херој каков што ретко се раѓа. Човек со срце поголемо од животот, со храброст што малкумина ја имаат. Тој не е само твој татко – тој е вечен симбол на чест, љубов и пожртвуваност. Хероите никогаш не умираат. Вечни нека бидат“

Continue Reading

Македонија

Барањето на ДУИ за предвремени избори има ист ефект со “гурабиите и кексите“ кои ги делеше Ахмети во кампањата!

Published

on

ДУИ едно зборува јавно, друго прави зад завесите. Така, Ахмети во кампањата во мачо стил делеше “гурабии и кекси”, за после, кога го виде резултатот, да се понуди со четири министерства, без претседател на Собрание, за да влезе во Влада наместо ВЛЕН. Јавно се закануваа со „чизми на таванот“, а по налог на СДСМ на улиците апсеа невини Албанци само затоа што се осмелија да ја бранат вистината за модуларната болница, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Ако некој директно работел против интересите на Албанците, тоа се Али Ахмети и кројачот на дворски игри, Бујар Османи – човекот што го донесе Лавров во Скопје, што делеше тендери за рента-кар како бакшиш за своите луѓе и раздаваше дипломатски пасоши на кого стигне, вклучувајќи ја и Татјана Димитровска, денес осомничена за оддавање службени тајни во случајот „Адитив“.

Само политички слепци не гледаат дека ако локалните и парламентарните избори се одржат заедно, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 60 пратеници. ДУИ не извлече никаква поука. Напротив, продолжува да ја зајакнува ВМРО-ДПМНЕ со лаги за наводна деалбанизација, плашејќи го сопствениот народ со празни приказни.

Но Албанците не се наивни! Знаат дека „Пржинска влада“ им треба на ДУИ само за едно нешто: за да го спасат криминалот на Али Ахмети и да ги сокријат досиејата што секој ден излегуваат на виделина!

ДУИ денес личи на уплашен ученик кој ја заборавил домашната задача, трча од еден на друг крај барајќи спас, затоа што знае дека без контрола врз МВР и државните институции, тие се ништо!
Но времето на уцени заврши!

На фер и демократски избори, ВЛЕН нема само да ја избрише ДУИ од политичката мапа, туку конечно ќе ја испрати таму каде што одамна ѝ е местото, во политичката историја!, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Continue Reading

Македонија

Николоски: Предвремени парламeнтарни избори со локалните нема да има, а Таравари би извршил политичко самоубиство ако соработува со ДУИ

Published

on

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ вели дека партијата нема да отстапи од изборното ветување дека ДУИ ќе биде во опозиција. Според него, доколку некој смета дека треба да соработува со ДУИ, тогаш секако ќе биде во опозиција. Укажува дека нема никаква официјална најава од Таравари дека ќе оди во коалиција со ДУИ, но ако тоа се случи, тогаш ќе се промени реалноста, смета Николоски
Прашањето за предвремени парламентарни избори со локалните за Николоски е затворено. Граѓаните оваа есен ќе решаваат кои ќе бидат нивните општински советници и градоначалници. „Здравје Господ, во 2028 година ќе се мериме пак на парламентарни избори“, рече Николоски во интервјуто за „360 степени“

Вицепремиерот, министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, е уверен дека исклучително искусен политичар како Арбен Таравари нема да повлече потег со кој би си ги загрозил сопствените позиции. Соработката со ДУИ би била маневар со кој тој би си ги затворил вратите во владината коалиција.

„Тој е многу политички искусен. Јас можеби најмногу од сите што сме во постојнава влада сум го критикувал, но ако тоа го тргнеме настрана, факт е дека тој е политички искусен и не мислам дека е до толку, ај сега обратно да кажам – наивен, да влезе во соработка со ДУИ. Мислам дека малку и јавноста го потценува и не очекувам дека ќе направи чекор каде што политички би се самоубил. Би бил изненаден да покаже таква политичка наивност. Се разбира, не исклучувам такво сценарио, но би бил многу изненаден ако тоа се случи“, вели Николоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Прочитајте го целото интервју на 360 степени

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк