Драма на автопатот Тетово-Скопје: Полицајци со оружје му се заканувале на граѓанин

Вчера во 1 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Е.А.(30) од село Буковиќ, скопско, пријавил дека на 26.03.2022 околу 19:45 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, пет лица му се заканиле, а двајца од нив имале огнено оружје.

По преземени мерки било утврдено дека станува збор за лицата Ф.Р.(44), А.А.(38), Д.Н.(41), Н.С.(28) и Д.Д.(48), сите од Гостивар и сите вработени во МВР.

За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Потврдено: Русите го освоија Мариупол

Градоначалникот на украинскиот пристанишен град Мариупол во понеделникот изјави дека неговиот град е „во рацете на окупаторите“ по неколкунеделната опсада на руските сили кои го срамнија градот, оставија непознат број цивили мртви и протераа стотици илјади од нивните домови, пренесува порталот б92.нет.

Властите во Мариупол, Украина, денеска соопштија дека околу 160.000 жители останале во опколениот пристанишен град и предупредија дека ќе следи „хуманитарна катастрофа“ доколку не биде можна понатамошна евакуација.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко изјави дека руските сили ја спречуваат евакуацијата на цивилите од градот и дека вратиле некои кои се обиделе да излезат, пренесе украинскиот јавен сервис.

Без маска во авион, Таче им кажа на фудбалерите- “Идите тамо да го победите Португал” – граѓаните го “тепаат” во коментари

“Идите тамо да го победите Португал, а јас ќе ве чекам со овој дрес што ми го подаривте сега” – рече премиерот Ковачевски за време на испраќањето на фудбалерите кон Португалија.

Ваквата изјава на премиерот наиде да смешни коментари по социјалните мрежи, дел од граѓаните мислат дека ваквото внимание од државниот врв ќе биде малер за фудбалерите, некои дека ќе донесе среќа.

“Господ нека ни се смилува штом ти ги испраќаш”, “Тоа е тој јазик на нивната земја”, “Идите таму – како не ти е срам така да се обратиш на луѓе што ја претставуваат државата” , се само дел од коментарите на постот.

Погледнете го видеото на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/?v=1101543404031533&extid=CL-UNK-UNK-UNK-AN_GK0T-GK1C&ref=sharing

Москва најави „адекватен одговор“ откако Македонија протера пет руски дипломати

Русија ќе одговори на одлуката на Северна Македонија да протера петмина руски дипломати, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на извори во Амбасадата на Русија во Скопје.

– Ќе има адекватен одговор, нагласил изворот.

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во неговите простории бил повикан рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, кому му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се посочени како непожелни во земјава или персона нон грата.

– Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена, соопшти Министерството за надворешни работи.

Минатата година МНР за персона нон гарта прогласи двајца руски дипломати, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од земјава. И во двата случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.

(Видео) Сообраќајна несреќа во Тетово, се превртел на кров

Дваесет и двегодишно момче е повредено откако со возило се преврте во центарот на Тетово денеска околу 14 часот и 45 минути. Тој се движел по булеварот „Илинденска“ и се превртел пред кружниот тек кај плоштадот.

– Околу 14 часот и 45 минути движејќи се со патничкото моторно возило „опел корса“ со тетовски регистерски таблички кое го управувал 22-годишниот С.Р, изгубил контрола, излетал од коловозна лента и се превртел на покривот од возилото. Возачот кој бил сам во возилото, добил повреди и бил однесен во Клиничка болница – Тетово за укажување на лекарска помош – изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Екипи на СВР Тетово извршиле увид на местото на незгодата.

Пандев до Османи: Смешен си и жален

Низа реакции во јавноста по вчерашната информација дека дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи ќе добијат двајца фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Боби Милевски.

Околу ситуацијата жестока реакција имаше и големиот Горан Пандев.

„Смешен си господине и жален. Гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, напиша Пандев на инстаграм.

ЗАЕВ: Вредеше, мој народе, НАТО е остварување на вековниот сон на нашите револуционери, светот ме награди мене и мојот драг пријател Ципрас

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска, преку својот фејсбук профил, порача дека годишнината од членството во НАТО е момент на кој сите се сеќаваме со гордост.

-Изминавме долг пат кој го занемаривме од дента кога горди го гледавме македонското знаме како се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел. Ден кој е историја. Важно предание за нашите поколенија. Вредеше, мој народе! Остварувањето на вековниот сон на нашите револуционери. Обезбедувањето сигурност за сегашноста. Обезбедувањето иднина за младите. Вредеше! Да му се радуваме со гордост на овој ден!, напиша Заев.

Според него, излеговме од изолацијата за денес да носиме одлуки со најмоќните.

-Годишнината од членството во НАТО е повод кој го буди секое македонско срце. Момент на кој сите се сеќаваме со гордост. Денес, кога беснее разорна војна, гледаме колку е значајно тоа што ние сме НАТО. За секој граѓанин денес да биде спокоен, за домот ни е сигурен и безбеден – вредеше! Тргнавме со лузни од крвави удари по дома и раб на граѓанска војна. Се изборивме за реформи кои нѐ трансформираа од заробена држава во демократија. Излеговме од изолацијата од светот, за денес да носиме одлуки за нашата судбина рамо до рамо со најмоќните во светот, напиша Заев.

Брука – Се испотепаа Комити и Чкембари, има и повредени полицајци

Двете познати навивачки групи Комити и Чкембари започнаа физичка пресметка на трибините на СЦ Јане Сандански уште за време на ракометното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Полицијата интервенираше и дербито продолжи, но навивачките групи ја довршија тепачката и по крајот на натпреварот.

Во моментов има физичка пресметка помеѓу навивачите на двата ракометни клубови на помеѓу хотел Хилтон и хотел Русија, каде очевидци информираат дека настанала вистинска брканица, се мавало со камења, а има и повредени навивачи и полицајци.

Сообраќајот во тој дел на Скопје е закочен, инфомациите велат дека има и оштетени возила.

(Видео) СТРАШНО: Синот на Шумахер доживеа несреќа – парчиња од возилото летале насекаде!

Квалификациите за Гранд При на Саудиска Арабија беа прекинати, со црвено знаме по големата несреќа во која учествуваше возачот на Хаас, Мик Шумахер, синот на познатиот Михаел Шумахер.

На четири минути и 58 секунди преостанати во Q2 од квалификациите, Германецот удри во ѕидот на свиокот 12. Q2 ќе продолжи веднаш штом патеката ќе се исчисти од остатоците од болидот.

Според Ф1, германскиот возач е свесен и зборува, но ќе биде однесен во медицинскиот центар на патеката Џеда Стрит.
Шумахер се бореше да се квалификува за Q3 кога на пет минути до крајот ја загуби контролата над својот автомобил и странично удри во ѕидот.

Ударот бил толку силен што менувачот се одвоил од моторот, а тимот на Хаас потврдил дека возачот е свесен, излезен од автомобилот и моментално е на пат кон медицинскиот центар.

Османи даде збор: Ако ја победат Португалија сите фудбалери ќе добијат дипломатски пасоши

По завршувањето на прес конференцијата, која се одржа по доделувањето на дипломатските пасоши на Трајковски, Барди и Милевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека сите од македонската репрезентација ќе добијат дипломатски пасоши доколку ја победат португалската репрезентација.

 Ако ја победат Португалија цела екипа ќе добијат пасоши, кажа Османи.

Претходно Османи информираше дека македонските фудбалери Александар Трајковски, Енис Барди и селекторот Благоја Милевски ќе добијат дипломатски пасоши по совладувањето на европскиот шампион Италија.