Македонија ЈА ПОБЕДИ ИТАЛИЈА! Браво!

Македонската репрезентација за првпат во својата историја игра бараж дуел за пласман на Светско првенство.

Историскиот натпревар со Италија од „Ренцо Барбера“ во Палермо, Македонија водеше во последните мигови од натпреварот со еден гол на Трајковски кој беше доволен за ПОБЕДА !

Македонија го победи европскиот првак!

Рашковски испратил порака за софтверот: Гледај утнете и да се убијам!

Гледај утнете и да се убијам

Ова е една од пораките што поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски, ја испратил во вибер група во којашто пишувал под псевдоним „Перо 078“. Пораката е испратена пред аукцијата за софтверот за сообраќајни прекршоци.

Денеска во судницата обвинителката во случајот, Ивана Трајчева читаше пораки што си ги испраќале обвинетите меѓу себе. Пораката на Рашкоски била пратена во група меѓу него Даниел Станчев од „Инвока груп“, фирмата преку која е набавен софтверот за сообраќајни прекршоци и обвинетата Ирена Ивановска, а доаѓа како коментар на информацијата стигнале три понуди пред аукцијата.

Вибер-комуникациите помеѓу обвинетите се наоѓаат на листата на докази на Обвинителството и, според Обвинителката, со нив се докажува дека постапката на набавување на софтверите е незаконита.

Но Рашковски не се согласува. Според него ова е само, како што реле, една приказна напишана во ворд. Негодуваше што на еранот имало ворд документ, а никаде не се гледа вибер апликации и пораки пренесени преку апликацијата.

– Начинот на презентација не соодветствува со она што го гледаме, овој документ може многу лесно да се измени, сите можеме што сакаме да дополниме или избришеме од содржината, рече Рашковски пред судот..

Обвинителката пак рече дека презентацијата е таква бидејќи во уредот од кој се прибавени доказите има комуникации кои не се однесуваат на овој настан.

(Видео) СДСМ имале рецепт како од голтар да станете милионер

Костадин Костадинов е уште еден пример како од голтар во СДСМ преку функција се станува милионер. Скапи часовници, мотори, станови се само дел од имотите со кои Костадинов располага откако е на функција, ова денеска преку прес-конференција го истакна Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако неговиот анкетен лист е скромен, доколку го погледнеме Костадинов заклучуваме дека зад тоа се крие поголем и полуксузен имот. Па така во сред КОВИД пандемија додека сите бевме затворени во нашите домови заради мерките можевме да го видиме Костадинов на социјалните мрежи како вози скап мотор Дукати од 20.000 евра, кој не е впишан во анкетниот лист на Костадинов. Тој никогаш не ги расчисти дилемите во јавноста ниту за неговиот луксузен стан во комплексот Џевахир во Аеродром, каде според пишувањата на медиумите живееше Костадинов.

Станот во комплексот Џевахир исто така не е впишан во имотниот лист на Костадинов. Луксузот на Костадинов може да се забележи и на фотографиите на настани како градоначалник на кои го гледаме со часовник од марката Гармин, за кој лесно се доаѓа до податок дека чини 71.480 денари. Тој часовник го нема во анкетниот лист на Костадинов, иако заради неговата вредност тој требал да го пријави, вели Лефков.

Тој додава дека ова е само дел од имотот на Костадинов, кој тој го нема пријавено во својот анкетен лист, а постојат сомневања дека е негов личен имот.

За девојка од Скопје која беше застрелана во Чикаго, се собираат донации за трошоците за лекување

Ана Бранковиќ (31) од Скопје која пред неколку години замина да работи во Соединетите Американски Држави е повредена откако била застрелана на работно место во Чикаго.

На социјалните мрежи се појави апел за донации во кој, како што пишува, девојката била жртва на вооружен напад на работно место од страна на вработен и повредена е на три места. 

„Погодена е на три места, во рамо, колк и во нога. До сега успешно ѝ се направени две операции и следува подолг период на рехабилитации и оздравување. Ни треба вашата помош за да можеме ги подмириме болничките трошоци. Ви благодариме”, стои во повикот за донации.

Според порталот Serbian Times убиство се случило вчера, кога смртно е застрелан Србинот Никола Мишовиќ (30). Напаѓачот Џереми Спајсер (31) од Арканзас се самоубил, а една девојка е повредена и згрижена во болница.

Пукањето се случило во просториите на компанијата, а за убиството е обвинет колега на убиениот кој работел во истата компанија. По кратката полициска потера, убиецот се самоубил. 

Американските медиуми објавија дека девојката е пренесена на лекување во болница и дека не е критично повредена.

Нејзиниот идентитет не беше споменат, туку само дека нејзината изјава би можело да ги разјасни случувањата. 

Македонската делегација во Брисел – Се “бувнаа” во погрешна врата!!! (Видео)

Премиерот Ковачевски денеска присуствува на вонреден самит на НАТО во Брисел.

Премиерот Ковачевски на овој самит е придружуван од страна на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска, како и поранешниот министер за дијаспора Едмонд Адеми.

И додека Ковачевски го следеше протоколот и влезе од вистинската врата, Адеми и Османи се “бувнаа” во погрешната…

Видео:

Фалангата го окупираше Палермо (Видео)

Палермо, Сицилија е окупиран од македонските навивачи на фудбалската репрезентација на Македонија, која утре вечер ќе го одигра полуфиналниот бараж-дуел за пласман на СП 2022 против домаќинот Италија.

Погледнете како изгледа атмосферата:

Хорор во Чигаго: Убиен Србин, повредена е Македонка

Во текст кој пред два часа е објавен на порталот „Serbian Times“ се објавуваат нови детали за вчерашното убиство на Србинот Никола Мишовиќ (30) во предградието Бур Риџ во Чикаго, при што и напаѓачот Џереми Спајсер (31) од Арканзас се самоубил, а една девојка е повредена и згрижена во болница.

Порталот се повикува на изјави од сведоци кои присуствувале на местото во моментот на убиството кои тврдат дека „мотивите за злосторството биле етничка омраза“.

Имено, убиецот ден пред убиството се вработил во фирмата на сега убиениот Никола Мишовиќ, „>Winners Freight“, а пред тоа работел како возач во фирмата „Форс“, чиј сопственик е Македонец и која се наоѓа во истата зграда.

Меѓутоа, поради многуте Срби кои ги среќавал во зградата, тој бил убеден дека фирмата е српска, а пред да пука во Никола викал по ходниците „Мразам Срби! Сите вие сте иста го**а“, пишува порталот повикувајќи се на изјави на сведоци кои биле во зградата за време на убиството.

Почина Медлин Олбрајт

Починала Медлин Олбрајт, првата жена што ја извршуваше функцијата државен секретар на САД, потврдија од нејзиното семејство во соопштението објавена на социјалните мрежи. Олбрајт имаше 84 години.

Тогашниот претседател Бил Клинтон ја именуваше Олбрајт за амбасадор на САД во Обединетите нации набргу откако беше инаугуриран во 1993 година, а три години подоцна ја номинираше за државен секретар. Таа служеше на оваа функција четири години, активно промовирајќи го проширувањето на НАТО и воената интервенција на НАТО во Косово.

Во 2012 година, тогашниот претседател Барак Обама и го додели на Олбрајт „Медалот на слободата“, највисокото цивилно признание во САД.

Само кај нас вака може-Украле ограда од мост!

Четворица штипјани на возраст од 20 до 33 години ја извадиле и ја земале оградата на мостот на реката Крива Лакавица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера на регионалниот пат Штип – село Драгоево, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода 20- годишниот Е.С, 33-годишниот Е.С, 32-годишниот Е.Д.и 30-годишниот Е.С., сите од Штип, бидејќи околу 13.50 часот со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост меѓу Казнено поправната установа Штип и с.Драгоево. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициските службеници вчера на лице место фатиле малолетен крадец во куќа.

Полициски службеници од полициската станица Штип лишиле од слобода малолетник од Штип бидејќи во двор од куќа на улица „Тодор Чучков“ во Штип одзел предмет. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. По комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.