Connect with us

Балкан

(ВИДЕО) Вучиќ излезе од фрижидер и во емисија

Published

on

Претседателот на Србија кој е кандидат и на овие избори, Александар Вучиќ продолжува со својата „ултра-креативна“ изборна кампања.

Откако објави спот во кој излегува од фрижидерот на едно српско семејство, вечерва од фрижидер излезе и во една емисија на телевизија Пинк.

Балкан

Министерот за здравство на Бугарија: Сите пациенти од Македонија се стабилни, но има веројатност да има потреба од пластични реконструкции

Published

on

Раните се стабилни, но најголем проблем претставува вдишувањето на гасови во белите дробови, изјави Силви Кирилов, министер за здравство на соседна Бугарија.

„Има деца и возрасни на механичка вентилација. Сите се третирани согласно протоколите. Раните се стабилни, но најголемото оптоварување е вдишувањето на гасови во белите дробови. Останатите пациенти дишат самостојно, а двајца се веќе екстубирани и не се на апаратна вентилација. Можеме да кажеме дека се во добро општо здравје. Оние кои се на апаратна вентилација се во стабилна, но сериозна состојба“, рече министерот за здравство доц. д-р Силви Кирилов, говорејќи за повредените во трагедијата во дискотеката во Кочани, кои се лекуваат во болниците во Бугарија. Во земјата се лекуваат 15 лица, од кои двајца се над 30 години, а пет се малолетни.

„Прерано е да се зборува за отпуштање на пациентите, бидејќи има отворени рани кои се третираат и има веројатност да има потреба од пластични реконструкции. Исто така, има оштетувања на белите дробови, па е рано да се каже што и кога ќе се случи. Нè чека долг пат“, изјави министерот Кирилов.

Continue Reading

Балкан

Благоевград стана симбол на човечност: 200 дарители за младите од Кочани

Published

on

Во време на тага и неизвесност, кога секоја капка надеж значи живот, граѓаните на Благоевград ја покажаа својата најголема сила – хуманоста. Со трогателна солидарност и отворено срце, тие масовно се одзваа на акцијата за дарување крв за македонските младинци повредени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Никогаш досега не сум видела ваква мобилизација на луѓе. Тоа е нешто што не се заборава,“ изјави со емоции д-р Бојка Маринова, раководителка на одделението за трансфузиона хематологија во МБАЛ – Благоевград. Таа пренесе дека за само два дена, речиси 200 луѓе дарувале крв – подвиг што го нарече без преседан во својата медицинска кариера.

Првиот ден, над 80 дарители подадоа рака на македонските деца, а веќе следниот – уште 100 луѓе чекале ред, подготвени да помогнат. Интересот бил толку голем, што болницата останала без доволно банки за чување на крвта, по што веднаш била испратена итна пратка кон Софија за дополнителни резерви. Но и покрај тоа – луѓето не заминале. Останале да прашаат како можат да помогнат и кога да се вратат.

„Ова не е само дарување крв. Ова е љубов. Ова е братство. Ова е човештина што допира до срце,“ рече д-р Маринова, потсетувајќи дека слична акција имало само при експлозијата во рудникот Ораново во 2007 година – но и таа, како што вели, бледнее во споредба со сегашната.

Центарот за крводарителство во Благоевград останува отворен од 07:30 до 13:30 часот во наредните денови, бидејќи желбата за помош не стивнува. Градот покажа дека хуманоста не познава граници, јазици или националности – дека болката на другите е и наша болка, а надежта е најубавиот подарок што можеме да го споделиме.

Во овие моменти, светот стана малку поубав – благодарение на луѓето што го носат доброто во своето срце.

Continue Reading

Балкан

ХОРОР ВО ОЏАЦИ: Водач на протестот застрела момче КОЕ ЈА БРАНЕЛО ОПШТИНАТА (ВИДЕО)

Published

on

Миша Милетиќ, водачот на протестот во Оџаци во Србија, двапати пукал во стомакот на Бојан Михајловиќ, кој ја бранеше општината Оџаци, јавуваат медиумите.

Миша Милетиќ, водачот на протестот, двапати пукал во стомакот на Бојан Михајловиќ.

Лекарите се борат за животот на Михајловиќ.

Михајловиќ ја бранеше општината во Оџаци, а на се’ претходеше дискусија чиј главен актер беше Бранко Бабиќ.

Во него било пукано низ прозорецот на кафулето „Ин“, кое се наоѓа спроти општината.

Милетиќ е познат криминалец кој упаднал во кафеаната на Бранко Бабиќ и му се заканувал со пиштол ако не му даде пари.

Српскиот милионер Бранко Бабиќ вечерва на Инстаграм објави дека „еден негов пријател бил застрелан додека ја бранел општината во Оџаци“, објави Блиц.

„Пред десет минути еден од моите пријатели, кој ја бранеше општината, беше застрелан со два куршуми. Ова е војна“, напиша Бранко Бабиќ.

КРИМИНАЛОТ ИЛИ СРБИЈА

Припадници на МВР во Оџаци трагаат по маж кој вечерва околу 21 часот и 30 минути во кафуле на улицата „Кнез Михаилова“ испукал неколку куршуми во правец на Б.М.(1980), при што му нанел повреди“, соопшти МВР.

„Повредениот е пренесен во Клиничкиот центар Војводина, а полицијата интензивно работи на расветлување на сите околности на овој настан и на откривање и пронаоѓање на напаѓачот“, соопшти МВР.

Се појави и видео на кое се гледа како напаѓачот бега од местото на злосторството, јавуваат медиумите.

На видеото се гледа како автомобилот на Миша и уште еден застануваат и тргнуваат по неколку секунди.

Втората камера покажува како застануваат и заминуваат по неколку секунди.

Кој е застреланиот Бојан Михајловиќ?

Бојан Михајловиќ, кој синоќа беше застрелан во Оџаци, само затоа што ја штитеше општината од блокатори и затоа што е приврзаник на Српската напредна странка, е поранешен ММА борец кој во својата професионална кариера оствари 10 победи и 6 порази.

Младиот Бојан, кој беше брутално застрелан, носи црн појас во боречката вештина лута ливр и е повеќекратен српски шампион во бразилска џиу-џицу и граплинг.

Својата професионална кариера како ММА борец ја започна во 2003 година и е познат по неговата серија од десет последователни победи по почетните три порази.

Тој потпиша договор со УФЦ во 2016 година, а секако важи за најпрестижната ММА организација во светот.

Тој го имаше своето деби во тешка категорија против Френсис Нгану, но загуби со технички нокаут во првата рунда, по што се искачи во полутешка категорија.

Во полутешка категорија тој забележа пораз од Јоаким Кристенсен и Абдул-Керим Едилов и двајцата со технички нокаут.

Последниот професионален натпревар на Горан Михајловиќ се одигра на 2 септември 2017 година, против Абдул-Керим Едилов на UFC Fight Night 115, каде за жал беше поразен со технички нокаут во втората рунда.

Кога Михајловиќ ја заврши својата борбена кариера, тој остана активен во спортските кругови во Србија.

Неговото име беше споменато и во контекст на заканите кон членовите на фудбалскиот клуб Текстилац од Оџак, каде што наводно го користел својот „авторитет“ и влевал страв кај луѓето, што довело до откажување на помошта за клубот.

Кариерата на Бојан Михајловиќ ќе остане запаметена по неговиот агресивен стил на борба и моќните удари, но и по контроверзите надвор од рингот кои се одразија на неговиот углед во спортската јавност.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк