Германците трупаат брашно и масло, ќе запре ли и гасот -тревога во Германија!?

Германската економија е во состојба на тревога, по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да продава гас само во рубли.

Германските бизнисмени се сериозно загрижени дека земјата може да западне во длабока криза доколку Москва го прекине снабдувањето или ако Западот воведе ембарго за увоз на руски енергенси.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека Германците ќе бидат посиромашни поради агресијата на Русија врз Украина.

„Не е можно ова да заврши, а германското општество да не ја плати цената за тоа. Тоа е незамисливо. Верувам дека веќе ја плаќаме цената која е мала во споредба со страдањата во Украина“, рече Хенкок порано оваа седмица.

Агенцијата за статистика на Германија објави дека инфлацијата минатиот месец во оваа држава изнесувала 7,3 отсто, што е највисоко во послендите 40 години. Основна прилина за економското влошување е поскапувањето на нафтата и гасот. Овие енергенти се поскапи за 40 отсто во однос на минатата година.

Поскапувањето на енергентите беше проблем и пред војната во Украина. Војната дополнително придонесе за раст на цените. Загриженоста поради овој проблем е посебно изразена во Германија, затоа што е најголемиот европски купувач на руски енергенти.

Германците инсистираат да продолжат да плаќаат за нив во евра и долари. Русите најавија дека непријателските земји ќе мора да плаќаат во рубли, пренесе Си-ен-ен.

Ситуацијата предизвикува повремена паника во Германија поради снабдувањето со брашно и масло.

Владата во Берлин залудно апелира до граѓаните да не складираат непотребни залихи.

Според податоците на Федералното биро за статистика од петокот, во неделата од 7 до 13 март, 123 отсто – 2,25 пати – повеќе масло за јадење отишло во малопродажба отколку во една недела минатиот септември.