Зеленски со скандалозни обвинувања пред ОН: Силуваа жени пред нивните деца (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обраќа пред Советот за безбедност на ОН.

Ова е негово прво обраќање до Советот за безбедност од почетокот на руската инвазија.

Се очекува да ги повика членките на ОН да воведат нови, построги санкции кон Москва. Според информациите, Зеленски ќе зборува и за масакрот на цивилите во Буча, град во близина на Киев, кој го посети вчера по извештаите за масовни убиства на цивили за време на руската окупација. Да потсетиме, Русија е постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

„Вчера се вратив од Буча, град кој неодамна беше ослободен. Нема злосторство што Русите не го извршиле таму. Убиле жени кои се обиделе да повикаат помош. Убија цели семејства и се обидоа да ги запалат телата“, рече Зеленски, додавајќи: „Руските војници ги бараа и намерно ги убиваа сите што работеа за Украина“.

„Тие убиваа и силуваа жени пред нивните деца. И тоа го направија руските војници“, рече Зеленски.

„Светот допрва треба да види што направија во другите окупирани области на нашата земја“, додаде тој.

„Ги гледаме најлошите воени злосторства во Украина од Втората светска војна. Тие намерно создаваат масовен глад, намерно уништуваат засолништа полни со цивили. Масакрот во Буча е само еден, за жал само еден пример на она што окупаторите и го прават на нашата земја. Мариупол, Бородјанка…таму се правеа злосторства како во Буча“, рече Зеленски.

„Руската војска намерно убиваше секој што ѝ служеше на нашата земја. Тие пукаа и убиваа жени пред нивните куќи кога само се обидоа да повикаат некој што е жив. Убија цели семејства, возрасни и деца и се обидоа да ги запалат телата. Ви се обраќам во името на луѓето кои секој ден го почитуваат споменот на загинатите и споменот на цивилите кои загинаа, беа застрелани во задниот дел од главата откако беа мачени. Некои од нив беа застрелани на улици“.

„Знам што ќе кажат Русите за ова. Ќе ги обвинат сите освен себе си за овие злосторства. Ќе изнесуваат разни теории за никој да не знае што се случило. Но, ние имаме конкретни докази, имаме сателитски снимки…“, изјави украинскиот претседател.