Connect with us

Македонија

Тупанчевски не платил за летот до Палермо ниту за билетот за мечот со Италија

Published

on

Министерот за правда Никола Тупанчевски конечно ги разјасни дилемите околу неговото присуство на фудбалскиот меч Италија – Македонија. Во изјава за А1он вели дека не го прекршил владиниот етички кодекс, но исто како обвинителката Фатиме Фетаи, за хотелското сместување вели дека платил по враќањето од Палермо, на билетот за фудбалскиот меч пишувало нула – евра, а авионскиот лет, додава, бил организиран од Фудбалската федерација за гостите кои биле поканети, што значи бесплатно.

Во изјавата за порталот А1он, министерот Тупанчевски рече дека за хотелското сместување во Палермо добил фактура од македонска туристичка агенција на која, рече, имало рок за плаќањен од седум дена.

„Фактурата ја добив на 24 март, мечот беше на 25 март, фактурата имаше рок за плаќање, парите ги уплатив на 28 март“, рече Тупанчевски.

Тој негира дека плаќањето го извршил откако „пукнала аферата“, повторувајќи дека ќе ја плател без оглед дали медиумите ги поставиле прашањата или не, затоа што „фактурата имаше рок за плаќање“.

„Претпоставувам знаете дека постои можност, односно агенциите даваат рок до кога може да ѝ се платат парите“, рече Тупанчевски. 

Тој не се согласи дека го прекршил етичкиот кодекс, велејќи дека чартер летот бил организиран за гостите на Фудбалската федерација, а на билетот немало цена која треба да се плати, односно пишувало „нула евра“.

Според Тупанчевски, нема прекршување на етичкиот кодекс бидејќи, нагласува, не се потрошени буџетски средства, не било ангажирано обезбедување ниту службено возило ниту пак, каква било друга привилегија од министерската функција.

За разлика од обвинителката Фатиме Фетаи, министерот Тупанчевски досега не ја прикажал јавно својата фактура за хотелското сместување.

Инаку, за време на фудбалскиот меч Италија – Македонија камерите во еден момент ја прикажаа вип – ложата во која јасно се видоа Никола Тупанчевски, Фатиме Фетаи и претседателот на судот во Кавадарци Лазар Нанев како навиваат, по што медиумите го поставија прашањето на чија сметка функционерите патувале, кој ги платил билетите и хотелското сместување. 

Македонија

Одлични вести: Еве од кога Македонија ја очекува убаво и сончево време

Published

on

До четврток се очекува променливо облачно време со повремени дождови.

Во некои делови ќе биде нестабилно, особено во попладневните часови, кога локално ќе има услови за краткотрајни невремиња со пороен дожд (над 15 литри на квадратен метар), грмежи и засилен ветер.

Како што информираат од УХМР, времето ќе се стабилизира во петок.

Continue Reading

Македонија

Архиепископот Стефан упати честитка по повод  Рамазан Бајрам до поглаварот на ИВЗ

Published

on

Почитуван Реис Ул Улема,

Од свои име и од името на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Вам и на сите муслимани во нашата Татковина, ви го честитам завршувањето на благословениот Рамазан и настапувањето на Фитр Бајрам.

Рамазан е прекрасен пример дека човекот треба да живее не само за себе, туку, пред сѐ, за Бога и за своите ближни. Тоа браќата муслимани, во овој месец на духовно очистување, го покажаа со пост, со богобојазливост и со грижа и љубов кон другите.

Го молиме милостивиот и милосрден Бог да ги прими усрдните молби на сите свои чеда, дарувајќи ни мир, слога и заедништво.

Бајрам мубарек олсун!

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
СТЕФАН

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити честита Фитр Бајрам: Нашата заедничка работа ќе ги донесе своите плодови

Published

on

Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, упати честитка до верниците со порака за солидарност, пожртвуваност и заедничка работа за општото добро.

„По еден месец посветеност, пожртвуваност и размислување, Фитр Бајрам доаѓа како божествен благослов и награда. Како што постот не научи на трпение, воздржаност и посветеност, така и нашиот заеднички напор за општо добро бара посветеност, трпение и пожртвуваност,“ напиша Меџити.

Тој истакна дека во текот на Рамазанот се работело за зајакнување на верата, изградба на заедничка визија и надминување на предизвиците со мудрост.

„Фитр Бајрам нè потсетува на важноста на солидарноста, а исто така нè инспирира да го трансформираме овој дух во конкретни дела за нашето општество,“ додаде тој.

На крај, Меџити порача: „Среќен Бајрам! Божјиот мир, милост и благосостојба нека биде врз вас, врз вашите семејства и врз сите оние кои работат за општо добро!“

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк