Connect with us

Свет

Зеленски во Грчкиот парламент: СЛОБОДА ИЛИ СМРТ велеа вашите револуционери, СЛОБОДА ИЛИ СМРТ велиме и ние сега

Слобода или смрт велеа вашите револуционери, истото го велиме и ние сега, бидејќи се соочуваме со желба да се уништи Украина, порача претседателот на Украина Володимир Зеленски за време на неговиот говор, преку видеоконференција, во грчкиот Парламент и паралелно истакна дека на Украина и треба помош, потребно ѝ е оружје, но и бродовите и танкерите од руски интерес да немаат пристап до европските пристаништа, јави дописничката на МИА од Атина.

Потенцираше дека треба јасно да се кажат работите, „уште од почеток, дејствата на Русија не беа само против Украина, туку и против Европа“, споменувајќи ги недостатоците што се предизвикани и посочувајќи дека потребно е со последиците да има соочување на европско ниво.

-Сè додека трае оваа страшна војна, не треба да му се дозволи на никој брод регистриран за руски интереси да пристгнува на европски пристаништа. Парите што ги добиваат на овој начин, ги користат за ракети и проектили со кои ги уништуваат нашите градови. Никаков прием за руските танкер. На Украина потребни ѝ и се санкциите, но исто така потребно ѝ е и оружје. Ни требаат противвоздушни системи противтенковиски, оклопни возила и низа други работи кои нашите западни сојузници ги знаат многу добро. И само вака ќе можеме да ја спасиме Украина и ако ја имаме оваа поддршка и солидарност, ќе ја спасиме, истакна украинскиот претседател.

Обраќањето се пренесуваше во живо, преку Собранискиот канал, а украинскиот претседател поголемиот дел од говорот го посвети на Марипол, градот каде што живе грчката заедница, осврнувајќи се на врските меѓу Грција и Украина.

Во тој контекст, во рамките на 15- минутното обраќање, порака до грчкиот Парламент и грчкиот народ упатија и двајца борци од Мариупол, Украинци со грчко потекло, Михаил и Анастасиос

Едниот рече дека од 1 март градот е под опсада и останале без струја, вода, храна, истакна дека станува збор за град во кој живеат илјаднци ,но и каде што умираат илјадници и упати апел за помош, додека пак Анастасиос побара испраќање на хуманитарна помош.

Зеленски упати молба, Грција да го искориси нејзиното влијание како член на Европската Унија „за подобро да го организираме било кое спасување во Мариупол“.

-Русите се разбудија од сонот дека ќе успеат да ја покорат Украина. Украина е исправена и во овој момент треба заедно да го спасиме она што заедно го создадоа Грци и Украинци, истакна Зеленски.

Со оглед на тоа дека во украинскиот град Одеса во 1814 година беше основана грчката тајна организација „Филики Етерија“ со цел да ја собори отоманската власт во Грција, Зеленски се осврна и на овој факт, велејќи дека сега би можела да се формира нова „Филики етерија“ во Грција „за да се бори и да ги спаси и Украина и хеленизмот во Украина“.

-На Мариуполи и на Одеса им е потребна помош, итна помош, итна поддршка, рече Зеленски, објаснувајќи дека Русите напаѓаат и преку копно, и од воздух и по море, но изрази уверување дека „со грчка помош во пракса, можеме да победиме“ и додаде дека треба да се најде начин да се исфрли руската војска од украинска територија, „така што да научи напаѓачот дека оној кој ја одбира војна, на крајот ќе изгуби“.

Говорот во грчкиот Парламент, Зеленски го заврши со пораката „Слава на Украина“, а неговото обраќање беше проследено со аплауз од присутните.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас истакна дека „помагајќи ѝ на Украина и помагаме на слободата“, а на почетокот од специјалната седница рече дека е историска седница, посветена на херојскиот народ во Украина кој се бори и брани, повторувајќи ја грчката поддршка.

На седницата свикана за говорот на Зеленски присутни беа грчкиот премиер, претседателката на Грција, амбасадорот на Украина и пратениците на Нова демократија, СИРИЗА и Движење за промена, додека пак Комунистичката партија и десничарската Грчко решение отсуствуваа, а МЕРА25 имаше еден претставник.

Свет

Советник на Путин: Русија може да ја повлече војската од Донбас

Висок функционер на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека руската полиција и Националната гарда ќе продолжат да го следат Донбас и да обезбедуваат ред дури и ако мировниот договор стави крај на речиси четиригодишната војна на Русија против Украина.

Ушаков ја потенцира амбицијата на Москва да задржи присуство во индустриски важниот регион по завршувањето на конфликтот, што веројатно ќе биде отфрлено од Украина, додека преговорите предводени од САД продолжуваат без јасен напредок.

Во меѓувреме, украинските сили повторно освоија неколку населби во близина на Купјанск, во североисточната Харковска област, по неколкумесечна операција за враќање на териториите под нивна контрола. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека украинските сили се опколени, обидувајќи се да ја прикаже Русија како страна што преговара од позиција на сила.

Ушаков истакна дека прекин на огнот ќе биде одобрен само по повлекувањето на украинските сили од фронтот и дека е возможно по завршувањето на војната во Донбас да нема воени сили, туку само полиција, Национална гарда и други служби за одржување на редот.

Американските преговарачи продолжуваат да ги усогласуваат барањата на двете страни, додека претседателот Доналд Трамп инсистира на брз крај на конфликтот. Клучното прашање останува кој ќе ја контролира територијата освоена од руските сили, додека Русија тврди дека Донбас е нејзина територија без разлика на исходот од мировните преговори.

Continue Reading

Свет

САД ја укинаа економската блокада, Белорусија ги ослободи опозициските лидери

Белорусија ослободи 123 политички затвореници, меѓу кои и истакнатата опозициска активистка Марија Колесникова и добитникот на Нобелова награда за мир, Алеш Бјалацки. Овој чекор следеше по договорот со Соединетите Американски Држави за укинување на санкциите врз земјата, пренесува Би-Би-Си.

Ослободувањето се случи по преговорите во Минск со Џон Кол, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Белорусија. Како дел од договорот, САД се обврзаа да ги укинат санкциите врз извозот на поташ, кој е клучна компонента за белоруската индустрија за ѓубрива.

Марија Колесникова помина пет години во затвор, голем дел од времето во самица. Нејзината сестра Татјана ја потврди веста откако успеа да разговара со неа преку видео повик.

Се очекува групата ослободени затвореници наскоро да пристигне во Вилнус, каде што голем број граѓани веќе се собираат пред американската амбасада за да ги пречекаат.

Continue Reading

Свет

Ердоган: Мирот во Украина не е далеку

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изрази оптимизам дека мирот во Украина е поблиску од кога било, по неговата билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин одржана во Туркменистан. Според Ердоган, засилените дипломатски активности предводени од Москва и Вашингтон отвораат простор за конкретен мировен процес.

Во изјава за новинарите по враќањето од посетата, Ердоган посочи дека Анкара е подготвена активно да се вклучи во напорите за постигнување мир и дека очекува разговори и со американскиот претседател Доналд Трамп за можен мировен план. Тој нагласи дека Турција позитивно гледа на дијалогот инициран од Вашингтон и смета дека актуелниот момент е поволен за дипломатско решение.

Ердоган истакна дека средбата со Путин била фокусирана на војната во Украина, тековните конфликти и потенцијалните чекори кон деескалација. Притоа, биле разгледани и конкретните придонеси што Турција може да ги даде во мировните напори, имајќи ја предвид нејзината позиција и улога како регионален и меѓународен посредник.

Турскиот претседател додаде дека позицијата на Анкара е добро позната и разбрана од сите страни вклучени во конфликтот. Според него, и Москва и останатите релевантни актери се свесни за ставот на Турција, кој се темели на поддршка на дијалогот и дипломатското решавање на кризата.

Осврнувајќи се на регионалната безбедност, Ердоган предупреди дека Црното Море не смее да стане простор на геополитичко надмудрување. Тој нагласи дека стабилноста, безбедноста и слободата на пловидба во овој регион се од заеднички интерес и за Русија и за Украина, но и за пошироката меѓународна заедница.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг